Жени, не треба да се срамите, ама и овие работи не треба да ги правите – Гинекологот искрено порачува

Посетата на гинеколог за многу жени е стресна и неугодна, меѓутоа, важно е да се знае дека редовните прегледи и отворениот и искрен разговор со специјалистот може многу да придонесат за здравјето.

Гинеколозите постојано апелираат за важноста од редовните прегледи, советуваат здрава ихрана и хигиена, како и навики кои ќе го унапредат здравјето на жената.

Овојпат тие одлучија да бидат икрени и да кажат отворено што е она што им пречи кај некои жени кога доаѓаат кај нив на преглед.

“ПРОСТЕТЕ, НЕ СУМ ИЗБРИЧЕНА”

-Нас не нè интересира фрузурата. Имаме само малку време за да се концентрираме на прегледот и навистина воопшто не нè загрижува тоа што жените не се избричени.

Особено, ако не им се избричени нозете. Ние со тоа немаме никаква врска и тоа навистина е тема за која не сакаме да си го трошиме времето.

“ГО ОДЛОЖУВАМ ПРЕГЛЕДОТ ПОРАДИ МЕНСТРУАЦИЈА”

-Менструацијата не е причина да не дојдете преглед кога тој ви е закажан. Денешните папа тестови овозможуваат да се направи тестот и за време на циклус.

“САМА СИ ДИЈАГНОСТИЦИРАВ…”

Секоја жена добро си го познава телото, но кога станува збор за секретот кој секоја жена го има и за некои други проблеми, многу жени сами си поставуваат дијагноза што може да има лоши последици.

“ЗАБОРАВИВ ДА СПОМНАМ ДЕКА ПИЈАМ НЕКОИ ЛЕКОВИ ПРЕД ДА СЕ НАПРАВИ ТЕСТОТ…”

-Ниту еден гинеколог не сака пациентка која е неодговорна кон своето здравје и заборава да го спомене овој важен податок. Имено, некои лекови можат да дадат поинакви резултати од вистинските…

“НЕ СУМ БИЛА НА ПРЕГЛЕД 2 ГОДИНИ…”

Одењето на преглед дури кога ќе се јави некој проблем – е навистина проблем. Некои жени одат на гинеколог дури кога ќе забележат некаков проблем, а тогаш честопати веќе е предоцна да се помогне. Многу е важно пациентката да ја сфати важноста од редовниот преглед.