Засладете си го денот со овие медени колачи кои се топат во уста – се вадат форми со модли е де печат 10 мин

Фото и рецепт: Веселка Кузмановска – медени колачи.

Рецептот за овие вкусни медени колачи ни го претстави нашата драга членка Веселка Кузмановска во групата НМД рецепти.

“Да ви го засладам ова утро со медени колачиња! Се замесува тесто, се развлекува кора, се вадат форми со модлички, се печат околу 10 минути, се спојуваат со мармалад…” – вели Веселка и ни ги откри состојките за овој рецепт.

Потребни состојки:

3 јајца
3 филџани (од 50 мл) шеќер
3 лажици мед
3 филџани масло
1 прашок за печиво
2 кесички ванилин шеќер
1 кафена лажичка сода бикарбона
800 г брашно

Постапка:

Во подлабок сад пенасто изматете три јајца со 3 филџани шеќер. Матете додека шеќерот да се растопи и смесата да згусне и побели.

Потоа додадете 3 лажици течен мед, 3 филцани масло, една кесичка прашок за печиво, 2 кесички ванилин шеќер, 1 лажичка сода бикарбона и 800 г брашно.

Убаво промешајте ги состојките и замесете со рака додека да добиете убаво мазно тесто кое не се лепи. На малку набрашнета површина развлечете кора со дебелина од околу 5 мм, па со помош на модлички вадете форми.

Колачите редете ги во плех обложен со хартија и ставете да се печат во претходно загреана рерна на 180-200 степени околу 10 минути.

Лепете ги две по две со мармалад по ваш избор, потопувајте ги во растопено чоколадо и по желба наросувајте ги со кокос.

Фото и рецепт: Веселка Кузмановска