За Божиќ секогаш е на нашата маса: КУГЛОФ, еден од поубавите

Фото и рецепт: Ивана

Може да се приготвува во калап за куглоф или било каков калап.

Потребни состојки:

120 г омекнат путер
6 лажици масло
150 г шеќер
1 ванилин шеќер
1 прстофат сол
2 јајца
250 г свежо полумасно сирење
370 г брашно
1 прашок за печиво
5 лажици млеко
150 г суви кајсии (омекнати во ликер)
100 г суво грозје (омекнато во ликер)
шеќер во прав за наросување

Постапка:

Намастете го и набрашнете го калапот за куглоф. Сувите кајсии исечкајте ги. Омекнатиот путер изматете го пенасто со миксер. Едно по друго додавајте и матете: масло, шеќер, ванилин шеќер и сол.

Миксајте додека сите состојки да се соединат.
Додадете едно јајце и матете половина минута со најголема брзина, па додадете го второто јајце. Брзо додадете го и изматете го сирењето.

Промешајте го брашното и прашокот за печиво, просејте ги, па половината додадете ја во смесата матејќи на средна брзина.

Додадете млеко, па втората половина од брашното. Сувото грозјте и исечканите суви кајсии додадете ги и измешајте ги со најмала брзина.

Тестото излејте го во калапот и израмнете. Печете го 60-тина минути во загреана рерна на 180 степени. Печениот куглоф оставете го 10 минути во калапот, а потоа извадете го на решетка.