Воспаление на меурот: Спасоносен природен антибиотик кој секогаш помага

Природен антибиотик за воспаление на мочниот меур.

Кој имал воспаление на мочниот меур, знае колку оваа состојба може да биде болна и упорна. Присутно е чувство како да мора да уринирате, но никако не успевате во тоа, а дополнително имате прободувачка болка и притисок.

И, откако нема да успеете да се измокрите, чувството и натаму е изразено болно. Оваа состојба се третира со антибиотици и мора навремено да се лекува за да не дојдат до компликации.

За инфекции на уринарниот тракт, односно за воспаление на мочниот меур, во 90% од случаите како виновник се смета уропатогената бактерија Ешерихија коли.

Но, за да го решите овој проблем на природен начин, ви го претставуваме еден од најпопуларните природни антибиотици, кој веќе после првата терапија би требало да го отстрани овој непријатен проблем.

Иако поголемиот број бактерии знаат да се вратат како бумеранг, некои природни лекови успеваат да ги спречат во тоа.

Кога ќе се здружат четири природни состојки, секој со своето благотворно дејство, добиваме моќен лек, кој проверено им помага и на оние кои со години упорно се бореле против бактеријата Ешерехија коли.

РЕЦЕПТ ЗА ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК

Измешајте во еднаков однос корен од магдонос, лимон, мед и маслиново масло, па со своето моќно антибиотско и антивирусно дејство, ќе ја отстранат досадната бактерија. Доколку не можете да најдете корен од магдонос, а лекот ви е итен, направете го со лист од магдонос.

Потребни состојки:

250 г корен од магдонос
250 г лимон со кора (органски)
250 г мед (по можност од жалфија)
200 мл маслиново масло

Постапка:

Магдоносот и лимонот со кора треба ситно да се исечка, а потоа сите состојки, вклучително и маслиново масло, да се измиксаат во блендер.

Ќе добиете кашеста смеса која треба да се чува во фрижидер. Секое утро се консумира по една супена лажица. Покрај оваа смеса, добро е напоредно да се зема и масло од диво оригано.

Откако ќе ја потрошите целата направена количина, би требало бактеријата веќе да ја нема.

Напомена: Медот најдобро е да се набави од проверен пчелар, лимонот треба да биде органски, а доколку го купите, тогаш оставете го да отстои во ладна вода во која сте додале малку сода бикарбона. После тоа добро исперете го.