На страната Македонци во Германија, се појави помалку неверојатна информација, дека за одредени прегледи, се закажува и се чека по неколку месеци. Подолу, објаснување за нашинците кои живеат таму, како да се забрза овој процес:
„КАКО ПОБРЗО ДА ДОБИЕТЕ ТЕРМИН НА ЛЕКАР! Сигурно сте запознаени со ситуацијата кога ќе се јавите на кардиолог, ортопед или друг специјалист и медицинската сестра на телефон ве известува дека следниот слободен термин е за три или четири месеци.
Ако итно ви треба термин, можете да ја повикате вашата Krankenkassе (институција за здравствено осигурување) и да побарате од нив да ви помогнат да закажете термин.
Потоа, еден од начините да закажете термин со специјалист што е можно поскоро е да отидете на клиниката во одделот за итни случаи (Notfallaufnahme).
Таму ќе почекате малку подолго во редот, но ќе ве прегледаат истиот ден. Некои ординации имаат и онлајн сервис за закажување термин, па на нивните портали можете да видите дали некој моментално откажал термин.
Како „Notfallpatient“ (итен случај) можете да одите на лекар и без закажување, но треба да сте веќе пред ординација рано наутро пред почетокот на работното време.“