Вкусни, меки и брзи за правење: совршени палачинки за појадок или брз десерт

Ова е рецепт со едно јајце, а подолу имате и друг рецепт, па доколку не сте правеле амерички палачинки претходно, прочитајте ги двата рецепти и одлучете се кој прво ќе го пробате.

Потребни состојки:

1 ½ шолја брашно
3 ½ лажички прашок за печиво
1 лажичка сол
1 лажица шеќер
3 лажици растопен путер
1 јајце
1 ¼ шолја млеко

Постапка:

Просејте го брашното и додадете му прашок за печиво, сол и шеќер.
Потоа додадете растопен путер, јајце и млеко, убаво изматете и оставете пет минути да одмори.

Голема тава за палачинки намастете ја ја со масло, а вишокот отстранете го со хартиена салветка.

Со кутлача црпете од смесата и печете ги палачинките на умерен оган 3 минути од едната и 2 минути од другата страна.

РЕЦЕПТ ЗА АМЕРИЧКИ ПАЛАЧИНКИ со повеќе детали:

Американски палачинки: готови за 10 минути