Вкусни колачи готови за 5 минути – едноставно, брзо, лесно и вкусно – не може да се погреши со овој рецепт

Рецепт и видео презентација на Мои Домашни Рецепти: Колачиња за 5 минути.

Ова се одлични бисквитни колачи, ровки, се топат во уста, одлични за попладневна закуска, со чај или кафе…

Потребни состојки: 200 г јафа кекси, 200 г мелени бисквити, 125 г путер (половина коцка), 100 мл млеко и топено чоколадо за прелевање одозгора – декорација.

Постапка: Јафа кексите грубо издробете ги во еден длабок сад а потоа додадете ги мелените бисквити. Прелијте со 125 мл растопен и подизладен путер и 100 мл млеко.

Состојките убаво промешајте ги со лажица додека да добиете компактно ровко тесто кое лесно се обликува.

Тестото истресете го врз проѕирна фолија, обликувајте го со рацете во валјак со дебелина во ваша желба и завиткајте го убаво во фолијата. Оставете го 1 час во замрзнувач за да се стврдне.

Потоа отстранете ја фолијата и врз даска исечете ги колачите со дебелина 7-10 мм или по желба. Секое парче до половина потопете го во растотено чоколадо и оставете го да се стврдне Деталите можете да ги погледнете во видеото: