Викторија Матевска раскажа како изгледа кога таа оди на забар

Одење, на забар, за многумина претставува стрес, поради процедурите кои понекогаш можат да бидат болни. Но, добар стоматолог, може целата постапка да ја направи безболна, што е особено важно за децата, кои од мала возраст треба да стекнат навика да посетуваат стоматолошка ординација.

Викторија Матевска, во статус на својот профил на социјалните мрежи, на духовит начин објасни како изгледа кога таа оди на забар:

„Пишуав дека јас на забар кога одам си тропам, си влагам, поздравувам, седнувам на стол, си местам да ми биде згодно, ставам лигавче, слушам систер оф м’рси дека се дере ” Матевска, дојде “, и забар доаѓа да буши.

Процесот почнува со тоа што дигам прст во знак на ” стави прво анестезија од таа дуплата “, за на раат да работиш, а ја да зјапам у тоа што го даваат на тој гранде телевизорот обесен на ѕид пред мене. Тоа си е стандард.

Рамковните преговори почнуваат кога ќе заврши со бушењето, а мене пола глава камен од анестезијата, па не сум свесна дека се лигавам, а забар почнува со прашања кога ќе ја вадам шпиун осмицата, наклецана у ахилова пета и видлива само на панорамска снимка.

Проблем не прави и цел живот сме заедно, може и е убаво, што на сила да ја вадам, нек се крие и нек спие, кој ја онади. Забар почнува со тоа како осмицата може да е темпирана бомба и тие страшните приказни, јас уз саливење и шлогирано зборење, му кажувам ” не сакафакам, темафа не а пофнуфај “, така се збори кога си анестезиран.

Забар шеретски осмех пушта, јас кажувам ” фао “, и убаво си помунуваме.
Има и хард кор забари што не сакале анестезија, нив би ги наденала на кол.
Утре сум на забар инаку, тоа е муабетот.“

Фото: Илустрација