Важна информација за коронавирусот која се споделува на социјалните мрежи низ целиот свет

Циркуларна порака која се споделува по мејлови и сите социјални мрежи. Не е познат изворот на оваа порака, а за читателите на НМД го испрати редовна читателка од Америка.

Пораката наводно е добиена од пријател кој живее во Сингапур:

Професорот кој работи во болницата Шензен беше префрлен да го проучува Вухан- пневмоничниот вирус. Штотуку ми се јави и ми рече да им пренесам на сите мои пријатели:

-Ако ти тече носот и имаш спутум при настинка, тогаш не станува збор за пневмотичен корона вирус, бидејќи овој вирус предизвикува сува кашлица без течење на нос. Ова е наједноставниот начин да се препознае.

Те молам, кажи им на твоите пријтели, колку повеќе се запознати со симптомите на овој вирус, толку повеќе ќе можат да се заштитат со идентификација и превенција на истиот.

Во ова време (зима), Вухан-вирусот не е резистентен на топлина, па така, се препорачува пиење на топла вода.

Препораки за корона вирусот:

1.Клетката на вирусот е доста голема, околу 400-500 nm во дијаметар, па секоја нормална маска би требало да ве заштити. Меѓутоа, некој што е инфициран и кивне пред вас, гледајте да бидете на растојание од 3 метри најмалку.

2.Вирусот на метална површина може да преживее во рок од 12 часа. Па така, секогаш при допирање на кваки и други метални површини, мијте ги рацете со сапун.

3.Вурусот на ткаенина може да остане активен во период од 6-12 часа. Затоа, редовно перете ги алиштата, шаловите и капите, или на сончево време оставете ги зраците да го уништат вирусот.

СИМПТОМИ:

1.Прво се инфицира грлото, тоа станува суво и воспалено во период 3-4 дена.

2.Потоа вирусот се прикрива и навлегува во назалните течности и белите дробови, предизвикувајќи пневмонија. Овој процес трае 5-6 дена.

3.Со пневмонија, доаѓа висока температура и потешкотии во дишењето. Назалната конгестија е поинаква од нормално и имате чувство како да се давите во вода. Многу е важно веднаш да побарате лекарска помош.

Превенција

1.Одбегнувајте јавни собирања, поздравување со луѓе и допирање на јавни објекти. Редовно мијте ги рацете. Вирусот на рацете може да живее 5-10 минути, но, во текот на овој период, може да се случат многу работи како, допирање на носот, устата или очите.

2.Покрај честото миење на раце, може да правите и гаргара со бетадински раствор, за да ги елиминирате микроорганизмоте кои сe во вашето грло и да спречите нивна миграција во белите дробови.

3.Пијте многу течности и работете на зајакнување на имунитетот. Споделете со вашите пријатели.