Утре го славиме Свети Архангел Михаил, празник кој нè лекува – честито слава и именден, за многу години

Народното верување вели дека тој доаѓа и ги зема човековите души, кој на кого му чукнал часот, и дека е многу важно како го сонувате овој светец.

Архангел Михаил е “водач на небесната војска” кој секогаш се јавувал на места на кои се јавувала и Богородица, па така претставува небеска сила и заштита на земјата.

Според црковното предание, ангелот Михаил прв влегол во борба со слиот дух и тоа име според црковното толкување означува “оној кој е како Бог”. На грчки јазик зборот “архи” значи главен, прв, а “ангелос” значи весник, ангел.

Првиот меѓу ангелите Аргангел Михаил на иконите се претставува како борец – војвода, со мач или копје во раката, а народното верување смета дека тој доаѓа за да ги земе човековите души, според тоа кој на кого му дошол часот…

На иконите некогаш се претставува како ја победил злиот дух Деница, го оковал со синџири и со ногата му застанал на врат. Тој се смета за чувар на православната вера и борец против ересот.

Голем број народни верувања се поврзани со со овој ангел. Велат дека тој ги посетува болните и ако застане кај нозете – не е добро, а ако застане кај главата – болниот ќе оздрави.

Се слави наесен, а според народното верување тоа е така, затоа што кога светците ги делеле улогите, Архангел Михаил добил есенско и зимно време. Се говори дека ова време Архангел талка низ светот облечен како просјак за да ги поучи неверниците и да им помогне на оние кои се во неволја.

Според едно народно верување се вели дека според временските услови на овој ден, може да се одреди каква ќе биде годината. Се вели: Како е времето на Свети Архангел Михаил, такво ќе биде во текот на цела зима и пролет! Во некои наши краишта овој ангел се слави и како заштитник на сточарите, бидејќи се верува дека само тој може да ги истера волците.

Молитва кон свети Архангел Михаил – исперете ги гревовите и истресете ја несреќата од себе

Целиот си оган и ревност, свети Архангеле Михаиле, затоа ти се молиме: нашите заспани души запали ги со огнот на твојата ревност, та секогаш да Му служиме на нашиот заеднички Господ, сесрдно да те подражаваме тебе, безгрешниот и свет брат наш и врховен војсководач на сите небесни и земни војски Христови.

Пречудниот Господ Исус Христос устроил една црква од англеи и луѓе, та и ние луѓето кои таинствено претставуваме херувими на земјата, да ги подражаваме нашите небесни браќа на чие чело стоиш ти, лачезарен и боженствен архистратиже Михаиле.

Ти на небото го победи селошиот сатана и го фрли од небото на дното во пеколот – помагај ни и нам секогаш, ти се молиме, сесилен Архангеле, та и ние со сепобедната сила да го победуваме селукавиот сатана, кој нѐ напаѓа од сите страни, и нѐ искушува преку безбожни луѓе, преку нечисти мисли, преку земни наслади и преку опивните страсти.

Сиот си свет, чист и безгрешен, божествен првоангеле Божји; ти се молиме – сесвети; ти се молиме – сечисти; ти се молиме – себезгрешни, учи нѐ дење и ноќе како да живееме свето, чисто и безгрижно; дарувај ни ги твоите херувимски сили за да живееме вистински херувимски на земјата и ние, кои според неизмерливото Божјо човеркољубие, претставуваме херувими на земјата.

Не оставај нѐ во отровната кал на нашите сластољубиви земни желби, туку издигни нѐ во небесните ангелски височини и оспособи нѐ да живееме ангелски свето и чисто, додека сме во тело на земјата.

Милостиво погледни на нас, сепобедлив архангеле, снисходливо спушти се до нас, разбуди нѐ за борба со злото, со гревот, со ѓаволот, со смртта, за да можеме водени и охрабрувани од тебе, лесно да ги совладуваме: секој грев, секоја страст, секој ѓавол и секоја смрт.

Знаеме, богоносен архангеле, дека имаш власт над нечистите духови, над смртта, над гревовите: исполни ги нашите души со твојата боженствена сила, за да можекме бестрашно да војуваме и херувимски да ги победуваме сите непријатели на нашето спасение, на нашата вера и на нашата душа.

Сепобедлив војводо на небесните сили, ти си го исчистил н небото од сатаната и неговите црни ангели, исчисти ги и нашите души од секој грев, зашто гревовите наши ги отвараат вратите и прозорците на нашите души; преку нив во нас да не влезат нечистите демонски дили, да ги валкаат и умртвуваат нашите души кои треба да се англески чисти и ангелски бесмртни.

Без твојата сепобедлива помош, небесни војсководачу, лесно стануваме плен на нечистите сили. Затоа од сѐ срце ти се молиме: прими нѐ во твојата сепобедлива војска, војувај за нас и пред нас, води нѐ и предводувај нѐ во секоја борба за нашата душа, за нашето спасение, за нашата вечност, обезбедувајќи ни победа над секојн грев и над секој ѓавол.

О, пресвети архангеле, ако ти не ни дојдеш на помош со твојата боженствена сила, ние сме очајни и немоќни пред демонските сили. Со тебе секогаш ќе победуваме во сите борби на нашата душа, а без тебе паѓаме од пораз во пораз, од грев во грев, од пекол во пекол.

Затоа ти се молиме, биди секогаш со нас, не напуштај нѐ поради нашите гревови, и поради нашата нечистотија, туку сакајќи нѐ со боженствена љубов направи да го замразиме гревот и сите гревовни сласти, та да ја исполниме нашата душа со слаткиот мирис на ангелските добродетели.

Еве, ги предаваме нашите души на тебе, пресвети ангеле Божји, ти се молиме и просиме: води нѐ секогаш по патиштата што водат кон Царството Небесно, за да можеме заедно со тебе, вечно да Го славиме семилостивиот наш Спасител – Преслаткиот Господ Исус Христос, и Неговиот Човекољубив Отец, и Себлагиот Дух Утешител, Кому нека Му е слава и пофалба сега, секогаш и во сите векови. Амин!