Сочни мафини со нутела: Кога ќе ги послужите сите ќе ви бараат рецепт!

Ова се многу вкусни колачи, а од овој рецепт излегуваат 10 мафини.

Потребни состојки:

300 г брашно
1 прашок за печиво
75 г шеќер
250 мл млеко
2 јајца
50 мл масло
1 лажица нутела за тестото
за фил: 10 лажици нутела

Постапка:

Во подлабок сад просејте го брашното и прашокот за печиво. Додадете шеќер и добро промешајте.

Во друг сад изматете ги јајцата со виљушка. Со мешање додадете го прво маслото, а потоа и млекото.

Течната смеса излејте ја во садот со брашното и додадете една лажица нутела. Полека промешајте со виљушката само додека да не се гледа суво брашно. Смесата мора да изгледа лепливо.

Од смесата црпете и ставајте во калапи за мафини во кои претходно сте ставиле хартиени корпички за мафини.

На врвот од секој мафин ставете една лажичка нутела.

Печете ги 20 минути во загреана рерна на 180 степени. Потоа извадете ги и послужете ги изладени.