Сочна раванија со мак – се топи во уста!

Фото и рецепт: Ава Медин

Рецептот за сочната раванија со мак беше објавен од нашата драга членка Ава Медин во нашата и ваша група НМД рецепти.

Потребни состојки:

6 јајца
6 лажици шеќер
4 лажици брашно
8 лажици гриз
3 лажици афион
1 прашок за печиво

за шербет:

6 чаши вода
5 чаши шеќер
1 ванилин шеќер
рендана кора од лимон по желба

Постапка:

Јајцата пенасто се матат со постепено додавање на шеќерот додека тој да се растопи и да се добие пенаста смеса.

На страна измешајте ги сувите состојки, па постепено додавајте во изматените јајца. Полека промешајте, па смесата излејте ја во претходно намастена тепсија бр.32.

Ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени околу половина час, а потоа оставте ја на страна да се лади.

За шербет: Водата и шеќерот измешајте ги и оставете да вријат 10-тина минути. Потоа додадете ванилин шеќер и рендана кора од лимон, по желба.

Млакиот колач речиси изладен се прелива со топлиот шербет (никако врел), оставете го малку да отстои на собна температура, па префрлете го во фрижидер убаво да излади. Декорирајте по желба.

Фото и рецепт: Ава Медин