Сочен колач со ореви и чоколадо, едноставен за подготовка, излегува доста

Кај нас дома често се приготвува, особено за слави, но и за секакви пригоди. Многу е едноставен, вкусен е, излегуваат доста парчиња.

Потребни состојки:

3 јајца
2 шолји (за кафе) масло
5 шолји брашно
1 прашок за печиво
3 шолји мелени ореви
3 шолји млеко
1 ванилин шеќер
1 лажица какао во прав
1 шолја = 100 мл

за прелив:

5 лажици вода
4 лажици шеќер
100 г путер
100 г чоколадо
4 шолји ореви (крупно мелени, сечкани)
1 шолја = 100 мл

постапка:

Рерната загрејте ја на 180/190 степени, плехот од рерната обложете го со хартија или едноставно намастете го и наросете го со презла.

Јајцата измиксајте ги со шеќер, па додадете масло и малку промешајте. Просејте го брашното со прашок за печиво и како во прав, па додадете во смесата.

Потоа додадете ги останатите намирници; мелените ореви, млекото и ванилин шеќерот.

Излејте ја смесата во приготвениот плех и оставете да се пече. Кога колачот е печер, уште додека е топол се полива со сварениот прелив и се остава постепено да излади.

Добро изладениот колач се сече на коцки или штангли, како сакате.

Прелив: Сварете ја водата со шеќерот, па додадете путер и чоколадо, па на многу тивок оган мешајте додека да се растопат и соединат состојките. Потоа додадете ги оревите и промешајте. Топло прелијте преку колачот.