Слатко од грозје – превкусно (кило на кило)

Нема кој не ужива во него.

Потребни состојки:

1 кг бело грозје без семки

1 кг шеќер

1 поголем лимон

1 стапче ванила

Постапка:

Сварете го сирпот од шеќер кој треба да бида густ. За да го постигнете тоа, шеќерот налијте го со вода и варете до саканат густина. Кога сирупот ќе биде готов, додадете го грозјето, лимонот исечкан на кругови заедно со кората и стапчето ванила.

Сето тоа оставете да се вари на средна температура додека да добиете густо слатко кое едвај се одвојува од лажицата. Отстранете ја пената, прекријте го садот со влажна крпа, но цврсто, за воздухот да не може да допре до внатре, па оставете да преноќи и да се излади.

Следниот ден ден слаткото складирајте го во чисти тегли со капак.