Слатко од багрем, џем од багрем, палачинки и похуван багрем

Искористете ги лековитите својства на багремот, на сите можни начини!

СЛАТКО ОД БАГРЕМ

слатко од багрем

Потребни состојки:

250 г цвет од багрем (чисти бели цветчиња)
1 кг шеќер
1 лимон

Постапка:

Цветчињата полијте ги со сок од еден лимон.

Шеќерот со една чаша вода се вари како сируп, па се додаваат цветчињата и се вари уште малку. Се трга пената и изладениот сируп се складира во мали стаклени теглички.Слаткото освен што е вкусно, исто така се користи и за лекување на белодробни волести.

Кога ќе замириса слаткото и џемот од бел багрем, срцето затреперува и се враќаат најубавите спомени од сетството кога нашите баби приготвуваа прекрасни слатки…

слатко од багрем

Рецепт за слатко од багрем II

500 мл вода
60 г багремов цвет
1 кг шеќер
1 лимонтус

Постапка:

Цветчињата ставете ги во зовриена вода и варете ги 10-тина минути. Додадете шеќер о варете ги како и секое друго слатко, додека да стане густо. Во готовото слатко ставете лимонтус и оставете уште некоја минутка. Потоа тргнете го од оган, тргнете ја пената, покријте со влажна крпа и оставете да преноќи. Следниот ден складирајте во тегли.

РЕЦЕПТ ЗА ЏЕМ ОД БАГРЕМ

Потребни состојки:

1-1,5 кг цветови од багрем
2 кг шеќер
3 големи лимони

Постапка:

Исчистете ги цветовите така да останат само белите ливчиња, измијте ги убаво во ладна вода. Сварете сируп само од вода, шеќер и лимон исечен на тркалца, додадете добро исцедени цветови и варете 20-30 минути. Пробајте дали е варено така што ќе капнете малку течност во ладна вода – капката треба да стврдне. Складирајте во стерилизирани топли тегли, затворете со капак. Нека отстојат така пет минути, а потоа свиткајте ги во топло ќебе и така оставете ги целосно да изладат.

палачинки со багрем

ПОХУВАН БАГРЕМ и ПАЛАЧИНКИ ОД БАГРЕМ

Мирисните цветови на багремот се јадат, имаат сладок вкус, а се берат на суво време и по можност наутро. Може да се чуваат и до два дена во фрижидер ако не можете веднаш да ги приготвите.

Познато е јадењето од багремови цветови кои се похуваат, во тесто за палачинки на најразлични начини, во слатка или солена варијанта.

похуван багрем

Ги похувате така што убаво измиените цветови од багрем ги валкате прво во брашно, па во матено јајце и на крај во презла, па ги пржите во врело масло од двете страни. За палачинки:

Потребни состојки:

-густо тесто како за палачинки приготвено од јајца, млеко, брашно, прашок за печиво, малку масло и прстофат сол.
-Цветови од багрем
-мелен шеќер ароматизиран со ванила за наросување

Постапка:

Направете тесто, малку погусто од она за палачинки. Цветовите од багрем, исчистете ги од цврстите петелки и додадете ги во тестото. Добро загрејте го маслото, па зафаќајте со кутлача и пржете ги палачинките додека да бидете задоволни од бојата, а мирисот самиот ги привлекува гостите.

палачинки со багрем

Шеќер нема потреба да се додава во тестото. Подоцна обилно наросете врз палачинките или похуваните палачинки.

ЧАЈ ОД БАГРЕМ

1 лажичка цвет од багрем се прелива со 250 зовриена вода и се остава поклопено 15 минути. Се процедува и се пие за проблеми со респираторниот систем. Се засладува со мед од багрем.

палачинки со багрем