Што ќе се случи ако пиете секој ден чај од магдонос со лимон и мед

Што ќе се случи ако пиете чај од магдонос со лимон и мед

Потребни состојки:

3 чаши вода

1 китка магдонос (5-6 густи гранчиња)

1/2 лимон

1 лажица мед

Постапка:

Ставете ја водата на умерен оган да зоврие. Искинете ги ливчињата магдонос без гранчиња, па додадете ги во зовриената вода. Лимонот исечете го на тркалца па и него ставете го во садот.

Оставете да врие пет минути.

Исклучете го од оган, но не го тргајте од рингла, оставете уште 5-6 минути да излади во садот. Потоа процедете.

Ставете една лажица мед и вашиот напиток е готов.

Магдоносот е одличен за здравјето, затоа што оваа билка изобилува со витамини и минерали. Богат е со витамин Ц, А, Б1 и Б2. Магдоносот е богат со калиум и е одличен диуретик. Благодарение на количината на железо која ја содржи, се препорачува во исхраната при анемија. Содржи етерични масла, миристицин и флавоноиди. Овој чај има широк спектар на дејства, така што делува на:

-намалување на притисокот,

-намалување на холестеролот,

-подобрување на варењето на храната,

-ги смирува цревата и ги отстранува гасовите,

-го отстранува лошиот здив од устата,

-помага за намалување на целулитот,

-го забрзува исфрлањето на течностите

-помага за исфрлање на токсините од бубрезите, мочниот меур, црниот дроб и желудникот, како и од другите делови од телото,

Чајот од магдонос низ историјата се користел и по препорака на билкарите за олеснување и одржување на редовен менструален циклус, и како лек за враќање на матката во првобитната положба после породувањето. Магдоносот се употребува во лекувањето на сите проблеми поврзани со бубрезите. Чајот од магдонос ја спречува апсорпцијата на сол во ткивото, а со тоа ги штити бубрезите и црниот дроб и практично прави нивно чистење.

-Овој чај треба да се пие во случај на инфекција на мочниот меур, како и кај појава на камен на бубрезите.

-Чајот од магдонос наоѓа примена и во превенција и третман на рак на дебелото црево кај мажите и жените, како и кај грлото на матката кај жените.

-Магдоносот е богат со фолна киселина која е од суштинско значење за кардиоваскуларното здравје.

Самиот магдонос е многу богат со витамините А, Ц, Е и минерали, а неговото редовно користење, придонесува за намалување на лошиот ЛДЛ холестерол. Доколку страдате од висок притисок исто така можете да го употребувате за негово намалување.

-Чајот од магдонос може да се употребува и за смирување на цревата, подобрување на варењето и отстранување на гасови.

-Магдоносот е богат и со железо, па неговата употреба се препорачува и во случај на анемија.