Шарена витаминска салата со зелени домати, краставички, пиперки, морков и зелка

Фото и рецепт: Јелица Херац – Шарена витаминска салата.

Направете си убава, вкусна и декоративна салата од омилениот зеленчук. Вака подготвена таа е крцкава и лесно дигестивна, совршена како прилог за главното јадење.

Дадените количини може да ги менувате според потребите запазувајќи го односот на намирниците. Јас во моментот немав зелени домати, па не ставив, а вие доколку имате, секако ставете, уште повкусно е со нив.

Потребни состојки:

5 кг зелка
2 кг зелени домати
2 кг краставици
3 кг пиперки
2 кг моркови

за солило:

4 литри вода
1 литар оцет
300 г сол
250 г шеќер

и уште кој сака за подолг рок на траење:

1 винобран
1 конзерванс

Постапка:

Од зелката отстранете ги само надворешните листови и отстранете ја нечистотијата и дебелиот корен. Потоа со остар нож ситно исечкајте ја или на ренде изрендајте ја.

Доматите измијте ги, исцедете ги исечете ги на осминки. Морковите излупете ги и исечете ги на тенки крукчиња или со специјално ренде. Краставичките и пиперките исто така.

Во поголем сад измешајте го целиот зеленчук. Во поголемо тенџере ставете ги сите состојки потребни за солилото и мешајте додека целосно да се растворат шеќерот и солта. Солилото не се вари!

Потоа прелијте го сечканиот зеленчук и оставете да преноќи. Следниот ден полнете ги теглите и затворајте ги.

Фото и рецепт: Јелица Херац