Секоја втора жена ја има, може да биде “доброчудна”, но и малигна – симптоми дека имате циста на јајник

Со помош на симптомите, ако добро ги забележуваме може да откриеме дали нешто не функционира како што треба во нашиот организам.

Од огромна важност е да го наслушнувате своето тело и навремено да забележувате се’ што не е опасно, а би можело да биде.

Честопати кај жените се јавуваат цисти на јајници кои се целосно бенигни и исчезнуваат сами од себе, меѓутоа, кога цистата ќе порасне и ќе се зголеми, може да предизвика сериозни проблеми.

Ова се неколку симптоми – рани предупредувања кои не смеете да ги игнорирате а може да значат дека имате циста на јајници:

-подуеност или оток на абдоменот

-болна перисталтика на цревата

-болка во карлицата пред и после менструалниот циклус

-болка при полов однос

-болка во долниот дел на грбот или бутовите

-пречувствителни гради

-повраќење и мачнина​

Како што може да забележите, голем број од симптомите упатуваат на почеток на менструален циклус, па дури и на бременост. Сепак, доколку некои од овие знаци се јават и се повторуваат во континуитет, најдобро е веднаш да посетите лекар:

-многу остра и силна болка во карлицата

-висока температура

-несвестица и вртогавица

-забрзано дишење

Ако ги имате раните симптоми, веднаш појдете кај вашиот матичен гинеколог. Не случајно се препорачува редовен преглед на секои шест месеци, кој во никој случај не би смееле да го пропуштате, бидејќи, сè што ќе се открие навреме, има голема шанса да се излекува.