Секој четврти човек ги има: еве што ви смрди од устата и како да се спасите

“Ако во детството често сте боледувале од загноени крајници, многу е голема веројатноста дека гнојните чепови оставиле лузни.

Тие лузни се во форма на дупки како кратери и во нив се задржува храната…”

Доколку ги имате сите крајници на број, голема е шансата во нив да имате и камен! Многу луѓе не се ни свесни дека го имаат во устата, или поминува незабележано кога ќе отпадне, но ако е доволно голем, може да се почувствува кога каменот отпаѓа!

Камен во крајници најчесто се јавува како последица од чести воспаленија на крајниците, или ако едноставно имате преголеми крајници со доста кратери.

Не се знае точно колку луѓе се склони на оваа појава, но при едно истражување, каде 150 испитаници поминале магнетна резонанца на главата, околу 24% од нив во крајниците имале камења.

Лекарите и научниците и натаму водат расправи околу тоа како точно настанува камен во крајникот, но една работа е сигурна – мртвите клетки, слузта од устата и парчиња храна се заглавуваат во браздите на крајниците, каде стврднуваат во една хомогена смеса.

Многумина од луѓето, како што напоменавме, не ни чувствуваат дека во крајниците имаат камења. Меѓутоа, кога се поголеми, предизвикуваат воспаление на грлото, болки во ушите, и навистина лош здив – затоа што бактериите и останатите микроби се хранат со каменот кој стои во крајникот, а потоа испуштаат сулфурни нуспојави кои предизвикуваат непријатен здив.

На видеото можете да погледнете како да се спасите од нив, но мора да ве предупредиме, не е многу пријатно за гледање: