Ручек 3 во 1 – Погачици печени заедно со ѓувеч и бело месо… ручек за десетка!

Фото и рецепт на Фемије Сулејмани – Погачици печени со ѓувеч и бело месо.

Ако не знаете што да приготвите за ручек, еве една одлична идеја од нашата драга членка Фемије Сулејмани која ја сподели во групата НМД рецепти.

Потребни состојки:

1 чаша јогурт
1 чаша млака вода
1 јајце (+1 јајце за премачкување)
50 г путер/маргарин
½ чаша масло
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
2 лажички сув квасец
1 прашок за печиво
брашно по потреба (за да се замеси меко, околу 6 чаши)

Постапка:

Во подлабок сад се става по една чаша млака вода и јогурт на собна температура, едно јајце, 50 г растопен путер, половина чаша масло, една лажичка шеќер, две лажички сол. Се промешува смесата.

Потоа се додава 2 лажички сув квасец (една кесичка) и една кесичка прашок за печиво. Потоа постепено се додава брашното (јас користев половина бело и половина интегрално).

Брашното не го мерев, но постепено се додава додека да добиете убаво мазно и меко тесто, сосем малку лепливо.

Тестото се остава да стаса. Потоа се премесува и се дели на 12 топчиња или колку сакате. Се формираат погачите и се редат во малку намастен плех. Се покриваат и се оставаат повторно да стасаат за да пораснат, па се премачкуваат со едно разматено јајце. Одозгора се наросува сусам.

Се печат во добро загреана рерна на 200 степени, а штом заруменат се покриваат со фолија за да не изгорат и се допекуваат. Вкупно се печат околу 30-35 минути, во зависност од рерната.

За ѓувечот: се пропржува ситно сечкана главица кромид и бело месо исечкано на коцки, па се додава една конзерва ѓувеч. Се динста додека да испари вишокот течност.

За праз: 1-2 страка праз исечкани се пропржуваат со една лута пиперка, па се додава околу 180 г кисела павлака.

Фото и рецепт на Фемије Сулејмани