Рецепт за домашен и здрав зачин за јадења – без адитиви и засилувачи на вкус

Ќе ви го претставам оригиналниот рецепт, а потоа и мојата верзија.

ОРИГИНАЛ СОСТОЈКИ:

1 кг морков
1 кг црвени пиперки
1 кг целер и магдонос (корен)
1 кг црвен кромид
1 кг сол
1 китка лист од магдонос
1 китка лист од целер

Напомена: ова се мерки за исчистен зеленчук. Но, јас заборавив да искалкулирам колку ќе ми биде потребно а да добијам 1 кг после чистењето, се разбира дека промашив, бидејќи купував одокативно, па после чистењето ги добив следниве количини:

700 г морков
700 г црвени пиперки
200 г корен од магдонос
500 г корен од целер
700 г црвен кромид
700 г морска сол
1 китка магдонос лист
2 китки целер лист со стебленца
1 китка селен лист

Постапка:

Целиот зеленчук што ќе го купите, исчистете го и измерете го за да знаете колку сол да ставите. На 4 кг зеленчук се додава 1 кг сол. Како го чистите зеленчукот, веднаш ставајте го во ладна вода додека сè да завршите.

Исчистениот зеленчук уште еднаш добро исперете го, па ставете го повторно во ладна вода, претходно исечено на помали парчиња. Листовите исто така добро измијте ги.

Величината на парчињата оценете ги според односот на величината која минува низ вашата машина за мелење месо.

Започнете со мелење, така што постојано ќе ставате различен зеленчук во комбинација со листови од магдонос, целер и селен, додека да ја сомелете целата количина.

Измелениот зеленчук добро промешајте го и додадете ја солта, па повторно промешајте и оставете да отстои така преку целата ноќ. Повремено промешајте го зачинот.

Следниот ден, приготвениот зачин за јадење складирајте го во стаклени тегли, па со метален капак. Кога ќе отворите некоја тегла, можете да ја чувате во фрижидер, иако од искуство велат дека не се расипува ниту на собна температура. Ама јас се навикнав да го чувам зачинот во фрижидер.

После осум месеци ја дојадуваме последната тегла и морам да ви кажам дека ниедна не ми се расипа.