Статус на проф. д-р Горазд Росоклија: ПОСЛЕДЕН ПАТ ВО ЖИВОТОТ
-Некои работи ги правиме последен пат во животот, а не сме свесни за тоа.
Последна љубов, последен бакнеж, последна насмевка, последен поглед низ прозорецот, последно море, последен снег…
Секој крај е нов почеток, но колку нови почетоци ни остануваат?
Притоа возраста не значи многу, бидејќи болеста и смртта не доаѓаат со некој логичен ред.
Борхес, според сопственото верување, е првиот кој оваа тема ја обработува во поезијата, во песната ,,Граници“ за која вика дека му е една од најомилените.
Граници-Jorge Luis Borges
Од овие улици што замираат на зајдисонце,
Мора да има една (но која) по која сум одел
За последен пат, индиферентен
И без да го наслутам тоа, покорувајќи му се.
Нему, кој ги одредува семоќните закони,
Ја поставува таинствената и неменлива мера
За сите сенки, соништа, и форми
Вткаена во структурата на овој живот.
Ако сите нешта имаат траење и вредност
Последен пат, ништо повеќе и заборав,
Кој ќе ни каже на кого во оваа куќа
Без ние да го знаеме тоа, сме рекле збогум?
Низ зазорениот прозорец ноќта се повлекува
И меѓу напластените книги кои фрлаат
Неправилни сенки на темната маса,
Мора да има една која јас никогаш не ќе ја читам.
Постои на Југ повеќе од една изабена порта,
Со своите камени саксии и засаден кактус,
Која веќе ми е забранета да влезам,
Недостапна, како во литографија.
Постои врата која засекогаш си ја затворил
И огледало кое залудно те очекува;
Тебе крстосниците ти се чинат ширум отворени,
А таму четворолицевиот Јанус* те демне.
Постои меѓу сите твои спомени еден
Кој е веќе изгубен засекогаш.
Ти нема да бидеш виден како одиш надолу до фонтаната
Ниту од светлото сонце, ниту од жолтата месечина.
Твјот глас нема да го поврати тоа што Персиецот
Го испеал на својот јазик за птиците и розите,
Кога, во зајдисонце, пред да се разлее светлината,
Сакаш да им дадеш зборови на незаборавни нешта.
И Рона која мирно тече и езерото,
Сето тоа бескрајно вчера врз кое денес се веднеам?
Тие ќе бидат исто изгубени како и Картагина,
Камшикувана од Римјаните со оган и сол.
Во зора ми се чини дека слушам турбулентен
Шум од луѓе во џагор што стивнува;
Тоа се сите од кои сум сакан, и заборавен од;
Просторот, времето и Борхес сега ме напуштаат.
.
Горазд Росоклија-превод
.
*Јанус е римски бог на секој почеток и транзиција.
Бидејќи гледа во минатото и во иднината,
прикажан е со две, а често и со четири лица.