Прочитајте кој е најчестиот предизвикувач на канцер, а секојдневно го консумираме

Можеби веќе претпоставувате дека станува збор за шеќер.

Шеќерот има значајно влијание врз развојот на канцерогените клетки во организмот, а многумина постојано го консумираат.

Неодамнешното истражување кое го спроведе група научници од Универзитетот во Калифорнија, откри присуство на една состојка која сенаоѓа во различни видови храна, а која предизвикува повеќе од 35 милиони смртни случаи ширум светот, секоја година.

Како што заклучиле, шеќерот е предизвикувач на многу здравствени тегоби како што се: дијабетес, метаболички синдром, хипогликемија, хипегликемија, срцеви болести, рак и др.

Студијата спроведена на Институтот за рак во државата Јута во САД открила дека шеќерот е еден од главните виновници за развој на тумор. Туморните клетки користат многу повеќе глукоза отколку нормалните клетки.

Различни студии покажале дека луѓето кои имаат повисоко ниво на глукоза, имаат поголема шанса да развијат рак, стои во нивната студија. Фактот дека на нашите клетки им е потребна глукоза за нормално функционирање – облик на шеќер кој се трансформира во енергија.

Клетките на ракот можат да опстојат на едноставни јаглени хидрати, вклутелно и оние рафинирани шеќери кои се наоѓаат во преработената храна и слатките.

Процесот при кој глукозата се претвора во пируват и не може повеќе да им обезбеди енергија на здравите клетки се нарекува гликолиза.

За разлика од здравите клетки, клетките на ракот можат да ја претвораат својата енергија од гликолиза без кислород. Тој процес се нарекува анаеробна гликоза, а создава отпадни материи, слични на млечната киселина.

Тој вид на млечна киселина може да се разложи во црниот дроб, а отпадниот производ на тој процес е глукоза која се враќа да ги нахрани клетките на ракот и формира кружен циклус во кој се случува постојано напојување со глукоза низ крвотокот, што поттикнува раст на туморот.

Експертите истакнуваат дека одредени шеќери се поврзани со ракот од две причини:

1) Тие се потенцијални причинители на ракот

2) Претставуваат најдобра „храна“ за канцерогените клетки кога еднаш ќе се појават во телото.
Со цел заштита на здравјето, размислете за количините на шеќер кој секојдневно го консумирате и намалете го внесот на рафинираниот шеќер.

Едно е сигурно – овој шеќер нема поволно влијание врз здравјето!