Преубави ванилици со ореви, се топат во уста

Фото и рецепт: Семи

Преубави ванилици, се топат во уста.

Потребни состојки:

350 г путер
200 г мелени ореви
140 г шеќер во прав
1 прстофат сол
1 ванилин шеќер бурбон
400 г брашно

Постапка:

Путерот оставете го да омекне на собна температура, а потоа со миксер пенасто изматете го со шеќерот, ванилата и малку сол.

Кога ќе добиете еднолична смеса, додадете оревите, промешајте, а потоа полека додавајте го брашното.

Добиеното тесто оставете го во фрижидер да се излади и стегне, најмалку 1,5 до 2 часа.

Плехот обложете го со хартија за печење, а рерната вклучете ја да се загрева на 170-180 степени или во зависност од вашата рерна.

Од тестото кинете топчиња, па со дланкуте обликувајте ги ванилиците.

Печете ги околу 8 минути и додека се топли валкајте ги со шеќер во прав.