Права кафанска телешка чорба – оригинален рецепт, најдобар

Рецепт и видео презентација на Најдобри рецепти Наркониа – Кафанска телешка чорба.

Доколку порано одевте специјално во кафана за да уживате во топлата и вкусна телешка чорба, сега истата можете да си ја приготвите и дома. Само следете ги чекорите во рецептот и нема да погрешите.

Кога еднаш ќе ја вкусите, ќе ве освои со вкусот и постојано ќе ја приготвувате. Под пишаниот рецепт имате и видео каде што можете да ја погледнете целата постапка.

Потребни состојки:

малку масло
1 главица кромид со средна величина
500 г телешко месо
350 г морков
50 г целер
20 г брашно + 50-60 мл вода за запршка
сол, црн пипер, сув зачин по вкус
1 рака ситно сечкан магдонос или по вкус
1 јајце (жолчка)
1 лажичка кисела павлака

Постапка:

Кромидот исечкајте го ситно на коцки и ставете го да се издинста во тенџере на малку масло, на умерена температура. На ситни коцки исечкајте го и месото, па додадете го да се запржи заедно со кромидот. Минимум 45 минути треба да се динста месото заедно со кромидот.

Се додава вода само колку да го покрие месото и цело време за овие 45 минути треба да се промешува и да се внимава да не испарила водата и по потреба да се додава. Постојано месото треба да биде покриено со вода. (Се готви на 3). Се посолува и зачинува со црн пипер по вкус.

После 40-45 минути се сечкаат три моркови (350 г) на ситни коцки и се додаваат во месото. Се долева вода за да се покрите содржината. Коренот од целер изрендајте го или исечкајте го многу ситно. Заедно со целерот гответе уште 20-30 минути. Додадете млака вода да ја дополните содржината, приближно да биде околу 2 литри.

Се остава да зоврие, а потоа да се готви уште 10-тина минути. Пред крајот, во 50-60 мл вода растворете две лажици брашно (20-тина г) и излејте во чорбата за да добие на густина. Промешајте и намалете ја температурата.

Вкусете и по потреба додадете зачини. Чорбата треба да има средна густина, ако е премногу ретка, тогаш ќе биде како супа, а ако е прегуста, тогаш ќе биде како каша. Оставете уште неколку минути да проврие. На страна ситно исечкајте магдонос и додадете во чорбата кога ќе ја исклучите од огнот.

За легир: Во еден сад одвојте ја жолчката и изматете ја со виљушка. Додадете една лажичка кисела павлака, промешајте. Оваа количина е доволна за две-три чинии. Во чинијата се става малку од легирот, па одозгора се прелива со врелата чорба и се промешува. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.