Статус на новинарката на Фокус, Вики Клинчарова: „Мала исправка за тие кои кажуваат дека во Македонија здравствениот систем не чини. Не може да не чини нешто кое го нема!
Поради повреда од велосипед, отворена рана од која шика крв, одиш на итна и очекуваш шиење, тетанус и завршена работа за пет минути, како во цел нормален свет.
Арно ама, во Неготино на Итна не шиеле, ти ставаат завој да се потсопре крварење, и ти викаат, ај најди си превоз и оди во Кавадарци на хирургија да те закрпат.
Па се траскаш до хирургија, чекаш лекар, те крпат и ти кажуваат дека мора да примиш тетанус и антибиотик. Ама, не таму, туку кај матичен.
Одиш кај матичен, те праќаат во аптека да си купиш сам тетанус, оти тие го немале.
Го бараш и рецептот за антибиотик, да не одиш два пати до аптека, ти викаат, покасно дојди, сега системот падна, нема рецепт…
И така драги мои, за една работа од пет минути, ќе си утепаш цели пет саати.
За вадење на конци, башка приказна, дојди, па оди си, немало лекар, па дојди друг ден пак, и така во круг…
И за воља на вистината, јавното здравство сепак редовно и задолжително си го плаќаме, па научна фантастика ли треба да ни биде кога во јавно, очекуваме иста услуга како во приватно???“