Познат доктор открива: Оваа намирница го намалува лошиот холестерол во рекордно време!

Високото ниво на холестерол може да предизвика сериозни здравствени компликации, па затоа неопходно е да биде под контрола и да се регулира.

Високиот холестерол може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни болести, срцев и мозочен удар. Во телото постојат два вида холестерол, ХДЛ кој се смета за добар и ЛДЛ кој се смета за лош.

ХДЛ е неопходен за телото за да се ослободи од вишокот холестерол транспортирајќи го од ткивата во црниот дроб за да се преработи. Меѓутоа, црниот дроб не е семоќен и може да преработи само одредена количина, па затоа е неопходно нивото да се одржува под контрола.

Лекарите препорачуваат промени во начинот на живеење, но покрај здравиот начин на живеење, постои и една намирница која значително може да ја подобри состојбата – тврди докторот Крис Стил, кој со години ја истражува оваа болест. Истражувањето докажало дека црвениот ориз е моќен сојузник во решавањето на овој проблем.

Црвениот ориз е вид ферментиран ориз кој е многу популарен во индонезиската кујна, но е достапен и кај нас во продавниците за здрава храна.

Овој риз веќе со години наназад се користи како лек за висок холестерол. Едно истражување во кое учествувале 25 луѓе, покажало дека црвениот ориз го намалува ЛДЛ холестеролот за 21% во период од два месеци. Уште едно истражување кое траело 8 седмици, а во кое учествувале 79 луѓе, имало слични резултати.

Учесниците консумирале по 600 мг црвен ориз во вид на суплемент, двапати дневно.

Неодамна наш читател ни пиша дека имал слично искуство со црвениот ориз и притоа успеал да го намали високиот холестерол. Таблетите од црвен ориз ги комбинирал со крилово масло, а целата сторија можете да ја прочитате ОВДЕ.