За многу кратко време на своите најмили ќе можете да им послужите многу вкусна пита која се приготвува од само неколку состојки. Вкусна е топла и ладна, а може да се послужи и како прилог или предјадење.

Рецептот е одличен, без грешка! Искористете ја сезоната на тиквичките и пригответе брз, а здрав и вкусен оброк за вашите најмили. Вториот рецепт има видепрезентација на Том Филос. Еве што ви е потребно:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 јајца, 100 мл масло, 500 г рендани цедени тиквички, 1 главица кромид, 1 лажица сечкан магдонос, 100 г сирење (фета или некое масно сирење), 300 г брашно, 1 прашок за печиво, 2 лажици кисела павлака, 5 лажици гриз, сол и црн пипер по вкус.
РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 2 тиквички со средна големина, 4 јајца, 200 г кисела павлака, 100 мл масло, 200 г гриз, 10 г прашок за печиво, сол по вкус
ПОСТАПКА за рецепт 1: тиквичките измијте ги, излупете ги изрендајте ги на крупната страна од рендето, посолете ги, промешајте ги и малку оставете ги да отстојат за да го испуштат сокот. Потоа убаво истискајте ги низ раце и исцедете го вишокот сок кој го испуштиле.
Кромидот излупете ги и колку можете поситно исечкајте го. Во подлабок сад изматете 3 јајца, додајте масло, исцедените тиквички, сечканиот кромид, сечкан магдонос, ситно сирење, кисела павлака, гриз, брашно, прашок за печиво, сол и мелен црн пипер по вкус.
Смесата убаво промешајте ја со лажица за да се изедначи, излејте ја во калап 20х30 см претходно намастен и набрашнет. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, па намалете на 180 степени и продолжете со печење 30-тина минути, колку да зарумени.
ПОСТАПКА за рецепт 2: тиквичките измијте ги со ладна вода, излупете ги и отстранете им ја дршката. Потоа изрендајте ги на крупно ренде. Посолете ги одозгора и оставете ги на страна додека ја приготвувате смесата за тесто.
Во подлабок сад ставете сè одеднаш: 4 јајца, 100 мл масло, 200 г кисела павлака, 200 г гриз и 10 г прашок за печиво (една кесичка). Со кујнска жица за матење убаво промешајте ги состојките додека да добиете хомогена изедначена смеса.
Тиквичките со раце истискајте ги и исцедете ги, па и нив додајте ги во смесата. Промешајте. Плех со средна величина убаво намастете го со путер или маргарин, па смесата излејте ја во него.
Одозгора наросете ким или семе по желба, па ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени околу 40 минути. Печената пита оставете ја неколку минути да подизлади, па сечете ја и послужете ја со јогурт, кисело млеко или по желба. Деталите можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.