Пита со компир на два начини: Со готови кори и со тегнети кори

РЕЦЕПТ 1 Пита со домашни кори

Потребни состојки:

500 г брашно +-
1-2 лажички сол
малку масло
по потреба млака вода

За фил:

Околу 2 кг компир
1 главица кромид
малку сол и црн пипер

за прелив:

250-300 мл вода
1 прстофат сол или сув зачин

Постапка:

Замесете тесто од наведените состојки, но млаката вода додавајте ја постепено за да добиете ни премеко, ни претврдо тесто. Тестото треба да биде еластично, да не се лепи на рацете.

Обликувајте го со рацете и намастете го со масло. Оставете го неколку часови во фрижидер покриено со проѕирна фолија или кеса. Може и цела ноќ, но доволни се неколку часови.

Дваесеттина минути пред да ја правите питата извадете го тестото од фрижидер, тргнете ја фолијата и оставете го малку да отстои.

Компирот ситно исечкајте го (или изрендајте го, ама подобро е да се исечка да коцкички) и оставете го во вода да не поцрни. Кромидот исто така исечкајте го.

Набрашнете ја подлогата и тестото поделете го на два дела. Оставате малку да одморат. За тоа време пригответе ја тепсијата, а рерната вклучете ја на највисока температура.

Започнете со развлекување на корите, прво со оклагија, а потоа и со раце. Компирот исцедете го од водата, па додадете сол и црн пипер.

Кората испрскајте ја со малку масло, ставете фил, па виткајте ја и редете ја во тлех вертикално или свиткана како полжав.

Кога ќе се исполни целата тепсија, ставете ја питата да се пече во добро загреана рерна, па малку намалате на 200 степени или печете според вашата рерна додека убаво да зарумени (околу 40 минути). Секогаш со нож проверете дали питата е печена и одоздола, па ставете ја и на најдолната решетка за да се запече убаво.

За прелив: ставете ги состојките на оган додека водата да зоврие, па прелијте ја печената пита и вратете ја во исклучена рерна. После неколку минути извадете ја и поклопете ја со плех одозгора за да омекне.

РЕЦЕПТ 2 Пита со готови кори

Потребни состојки:

6 листови кора за пита

за фил:

2 поголеми компири
1 голема главица кромид
малку масло и сол
многу црн пипер

Постапка:

Кромидот и компирите исечкајте ги на ситни коцкички, посолете и запиперете, па додадете малку масло.

Земајте две по две кори, а помеѓу прскајте ги со малку масло. Редете од филот и виткајте ги како ролат. Одозгора премачкајте ги со уште малку масло, па ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени околу половина час.

Печената пита извадете ја од рерна, испрскајте ја малку со вода, па вратете ја уште неколку минути во исклучената рерна.

Фото: Босилка Николиќ

Coolinarika.com