Пита од месо: Само мешате, ставате и печете, се приготвува за 10 минути!

Ова тесто е погодно за приготвување на излеани пити со било каков фил. Состојките за ова тесто ги имате речиси секогаш во кујната.

За приготвувањето ви се доволни само 10-тина минути, а добивате одличен, вкусен резултат.

Вака брзо приготвена пита ќе ве спаси во секаква ситуација. Овојпат ви предлагаме пита со месо, но можете да користите било каков фил – сладок или солен, по ваш избор.

Потребни состојки:

2 јајца
½ лажичка сол
1 шолја (од 250 мл) јогурт
1 шолја брашно
1 лажичка сода бикарбона

За фил:

300 г мелено месо (сирово)
2-3 главици кромид
сол и црн пипер по вкус

Постапка:

Измешајте јогурт со сода бикарбона и оставете да отстои барем 5 минути.

Потоа додадете ги сите останати состојки (за тестото) и добро промешајте, да добиете изедначена смеса без грутчиња.

Тепсијата намастете ја со масло, путер или маст и наросете ја со брашно. За оваа количина не ја користете најголемата тепсија, туку некоја средна. Јас користев тркалезна со пречник од 20 см.

Половина од смесата излејте ја во тепсијата, распоредете го рамномерно филот, па прелијте ја одозгора и втората половина од тестото.

Ставете да се пече во загреана рерна и печете 40 минути на 170 степени.