Ова е фантастично кремаста чоколаден-кокос деликатес и уште една варијанта за збирката од паметни колачи…
Потребни состојки:
– 10 јајца
– 300 г шеќер
– 10 лажици брашно
– 1 литар млеко
– 250 г путер/маргарин
– 100 г бело чоколадо
– 100 г кокос
ПОСТАПКА:
Измиксајте ги жолчките со шеќер, додадете растопен и изладен путер и бело чоколадо, малку по малку додавајте брашно и млеко, па на крајот кокос.
Измиксајте ги белките па со лажица додавајте ги малку по малку во првата смеса.
Целата смеса која , секако е доста течна, префрлете ја во намастен сад за печење и поросен малку со брашно со вечичина околу 20х30 или малку поголем.
Печете на 165 степени еден час.
Колачот добро изладете го, па потоа сечете го.