Нивеа кремот во темно сино кутивче го користеше баба ми, мајка ми, а сега и јас. Го користам откако знам за себе си, но го користев за нега на лицето и рацето и не знаев досега дека може да се користи и з амногу други работи. После средба со една пријателка во неврзан разговор го спомнавме кремот, па таа буквално ме „просветли“, па дури и ми даде да прочитам многу интересни нешта поврзаи со него.
На пример, сите знаеме дека се работи за висококвалитетен крем и дека неговата употреба има многу придобивки, но веројатно и вие како мене не го знаевте следново. Нивеа кремот во класична, сина кутија, со препознатлив мирис и едноставна формула, е незаменлив инвентар во бањите и на мажите и на жените.
Многу луѓе не се разделуваат од овој крем, па дури и го носат со себе во својата чанта. Сепак, кремот Нивеа не е добар само за брзо освежување на лицето или рацете. Можете да го примените на многу други начини, а денес ќе ви покажеме како. Морам само да напоменам дека ова не е реклама, туку мое лично сознание за овој крем кое сакав да го споделам со вас:
1. Против стареење
Понекогаш трошиме многу пари за некои скапи креми за да го решиме проблемот, а од истите едвај и да има некакво решение. Ако досега сте немале искуство со нивеа-кремот, испробајте го, нема да се покаете. Нанесете го кремот пред спиење на местата каде што сте забележале промена на кожата, нејзино сушење и формирање на линии, па наскоро ќе ја забележите разликата. Јас лично вметнувам и лесна масажа кога ко нанесувам кремот за полесна и побрза апсорпција.
2. Стрии
За да спречите појава на стрии во текот на бременоста, намачкајте го стомакот, г радите и нозете со овој крем. Употребете кружни движења и лесно тапкање додека целосно да се апсорбира. Резултатите ќе бидат исто толку добри како да сте користеле скапи масла специјално направени за спречување на стрии.
3. Темни кругови
После некоја непроспиена ноќ од „х“ причини, сите се будиме со темни кругови под очите. Прилично тешко се покриваат, па најдобро е да ги спречите да се појават на прво место. Пред спиење, нанесете го кремот во чувствителната кожа околу очите. Измијте се нежно наутро, избришете го лицето со нежна крпа со лесно натапкување, и ќе ја забележите разликата.
4. Отстранување шминка
Ако имате крем Нивеа дома, можете да заборавите на скапите средства за отстранување шминка. Натопете памук во кремот и лесно отстранете ја шминката, па дури и онаа, водоотпорната шминка. Секако, треба да внимавате да не ви навлезе во очите.
5. Сува кожа на лактите
кај голем број луѓе се јавува овој проблем: сува, ронлива кожа на лактите која некогаш не е само естетски, туку и здравствен проблем. И тука, Нивеата е идеалниот хидратантен крем кој повторно ќе ја направи кожата мазна и мека. Нанесувајте ја неколкупати во текот на денот или секојпат кога ќе забележите дека се исушила.
6. Сува кожа на рацете
Сувата кожа на рацете е чест проблем – особено ако морате многу често да ги миете. Не ви се потребни скапи креми за раце дизајнирани специјално за дополнително сува кожа. Сè што ви треба е Нивеа: тоа е толку моќен хидратантен крем што дури и најгрубите раце ги лекува и постепено им го враќа мазниот изглед. Ефикасно е и за сува кожа на колената и стапалата.
7. Превенција и третман на дерматитис
Најчесто, луѓето имаат проблем со дерматитис предизвикан од прекумерна или неправилна употреба на премногу агреcивни сапуни, средства за чистење, креми и други производи. Ова доведува до егзема, црвенило, чешање и отекување на кожата. Поради својата особено густа текстура, Нивеа е погодна дури и за третман на овие сериозни проблеми со кожата. Секако, во случај да нема подобрување, треба да посетите дерматолог.
8. Третман на помали изгореници
Доволно е само дел од секунда да допрете жешко тенџере или рингла за кое не сте знаеле дека е вклучена, така што прстот или раката да си ја повредите. Уште еднаш, и во овој случај кремот-нивеа ќе ви биде спасител: ја смирува кожата и спречува појава на мозолчиња.
9. Третман на изгореници од сонце
Во лето на сите ни се случува да заборавиме често да нанесуваме крем за сончање, а некогаш остануваме и предолго на сонце. Потоа таа ноќ или следното утро, имаме непријатно чувство од зацрвенетата кожа која може да развие водени меури и да се излупи во подоцнежните фази. Но, по само неколку апликации со овој крем, кожата ќе се смири и ќе почувствувате олеснување.
10. Мевлем за усни
Зимно време или кога е ветровите, најчесто тенката кожа на усните мора да се заштитува за да не се исупи.Ако сепак дојде до такво нешто, за да ги направите вашите усни повторно меки и мазни, мачкајте ги со кремот Нивеа неколкупати на ден, во текот на неколку дена. Едноставно, ќе заштедите пари што би ги потрошиле на скапи балсами за усни.
Неверојатно е на колку начини можете да ја искористите оваа мала кутија со овој крем. Ќе заштедите пари и нема да мора да носите со себе куп скапи производи за нега – совршеното решение за многу проблеми може да се смести во вашиот џеб!