Ова е ручекот за кој сите зборуваат – го пробав и сега јас им го препорачувам на другите

Потребни состојки:

500 г пилешко месо (или месо по избор)

1 главица кромид

1 јајце

3 чешниња лук

200 мл павлака за готвење

150 г тврдо сирење или кашкавал

Сол, црн пипер, по вкус

Постапка:

-Пилешкото месо исечкајте го на мали парчиња, додадете сечкан кромид, сол, црн пипер, јајце.

-Добро промешајте.

-Направете топчиња.

-Печете ги во загреана рерна на 180 степени, 10-15 минути.

Во меѓувреме пригответе го преливот:

Изрендајте сирење или кашкавал, измешајте го со павлака и ситно исечкано лукче.

Извадете го садот со печените топчиња од мелено месо, па прелијте со приготвената смеса.

Вратете во рерна да се допече уште 15-20 минути.

Кашкавалот ќе се стопи а павлаката ќе се впие во месото.

Добивате превкусно домашно јадење во кое ќе уживате со секој залак.