Ова досега не сте го виделе: Полнета зелка како џиновска сарма, јадење за десетка!

Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ

Потребни состојки:

1 главица зелка
1 лажичка лимонтус
1 главица кромид
1 рендан морков
1 лута пиперка
½ од извадената зелка, ситно сечкана
500 г мелено месо
5 лажици ориз
½ лажичка црвен пипер
1 рендан домат
зачин по вкус

Постапка:

Најпрво се чисти зелката: Со нож се засекува горниот дел и се вади внатрешниот дел за да добиете шуплина. Во внатрешниот дел се наросува една лажичка лимонтус.

Во тава на малку загреано масло се пропржува ситно сечкан кромид, рендан морков, една лита пиперка ситно исечкана, половина од зелката што сте ја извадиле (помекиот дел), па потоа и половина килограм мелено месо.

Убаво се пропржува, па се додава 5 лажици ориз, црвен пипер, еден рендан домат и зачини по вкус.

Се остава малку да подизлади, па потоа со смесата се полни зелката.

На дното од тенџерето (експрес лонецот) каде што ќе се готви зелката, наредете ја вторатта половина од внатрешноста на зелката. Ставете ја зелката внатре, а одозгора пополнете ја со парчиња домат. Посолете, испрскајте со малку масло и налејте малку вода. Кога ќе започне да врие, се поклопува експрес лонецот, па после 10 минути се исклучува.

За вадење на зелката потребни се две тацни за кафе со кои внимателно зелката се префрла врз чинија.

Зелката е многу вкусна, исто како сарма, а може да се сече како торта. Можете да додадете сланина, суво месо или сè друго што ставате вообичаено кога приготвувате сарма. Може да се користи и кисела зелка.

Фото и рецепт: Снежана Трајковиќ