ОСТЕОПОРОЗА: најчесто поставувани прашања, лекување, превенција и фактори

Остеопорозата погодува 75 милиони луѓе во Европа, Америка и Јапонија. Една од три жени и еден од пет мажи за 50 години живот ќе доживеат фрактура поради остеопороза. Во Европа секоја минута се случуваат по 8 фрактури поради остеопороза.

Фрактурите поради остеопороза значително го намалуваат квалитетот на животот на болниот, го зголемуваат морталитетот и го оптеретуваат здравствениот систем.

Вкупните здравствени трошоци поради остеопоротичните фрактури во Европа во 2000 година изнесувале преку 30 милијарди евра. Ефектите од остеопорозата се еднакви или поголеми од неспособноста која ја предизвикуваат другите хронични незаразни болести (ревматоиден артритис, астма, хипертензивна болест на срцето).

КАКО СЕ СОЗДАВА ОСТЕОПОРОЗАТА?

Остеопорозата се јавува поради пореметување на коскеното ремоделирање. Ремоделирањето на коската е динамичен, континуиран и урамнотежен процес на апсорпција, таложење и минерализација на коските. Остеобластите го синтетизираат колагенот на коскената срцевина, а остеокластите ја ресорбираат.

Физичкото оптеретување поттикнува таложење и калцификација на коските. Нелекуваната хипертиреоза ја зголемува активноста на остеокластите и коскеното ремоделирање.

Биохемиски индикатори за коскено ремоделирање од клиничко значење се коскените маркери (коскена екскреција на алкална фосфатаза, остеокалцин, Ц-терминал проконденат тип I пропептид) и маркери за деградација на коските (колагенски врски (деоксипиридинил и пиридинол), тип I телопептиди).

Биохемиските маркери за ремоделирање на коските не се неопходни за дијагностицирање на остеопорозата, но може да бидат доказ за забрзано ремоделирање на скелетот.
Со остеопорозата се губи кортикална и сунѓереста коска. Кај мажите, постои застој, а кај жените губење на малите игловидни проекции на коската кои се развиваат – трабекули – во централната срцевина.

КЛИНИЧКА СЛИКА НА ОСТЕОПОРОЗА

Остеопорозата најчесто поминува асимптоматски („тивка епидемија“), до појава на фрактури. Најчести фрактури се во пределот на вратот на фемурот, прешлените, хумерусот и дисталниот радиус.

Фрактури на прешлени

Поради поголема содржина на сунѓереста коска од фрактурите на прешлените најчести се остеопоротичните фрактури. Може да се случат поради пад или во текот на некои вообичаени активности.

При сомнеж за фрактура на прешлен, при радиолошка обработка на ’рбетот се бараат знаците:

  • Намалување на телесната висина – 3 см
  • Деформација на ’рбетот или зголемена кифоза (грпка)
  • Појава на нагла болка во грбот

Вертебралните фрактури се јавуваат пред фрактурите на бедерена коска и на тој начин, порано укажуваат дека постои намален квалитет на коската. Непрепознаените фрактури имаат исклучително неповолен ефект врз квалитетот на животот на пациентот. Го ограничува движењето, влијае неповолно врз белодробната функција и го зголемуваат морталитетот.

Не смее да се заборави на зголемениот ризик од повторна повреда на прешлените во следните 12 месеци. Во текот на годината, поради остеопороза, се намалува телесната висина, се губи вертебралната потпора и се повеќе се изразува торакалната кифоза.

ФРАКТУРА НА БЕДРЕНА КОСКА

Фрактурите на бедрена коска предизвикуваат хронична болка и ограничено движење кај пациентот. Најнеповолен исход имаат фрактурите на фемур при пад кај стари лица, со морталитет од 20% за време од 6 месеци после фрактурата.

5-10% од пациентите имаат рекурентни фрактури на вратот од бедрената коска, со просечен временски интервал од 3,3 години помеѓу фрактурите.

Ризикот од смрт поради фрактура на фемур кај жените е еднаков на ризикот од смрт поради карцином на дојка, а 4 пати е повисок од ризикот од смрт поради карцином на ендометриум.

ПРОЦЕНКА НА РИЗИК

За процена на 10-годишниот ризик за појава на фрактура на вратот на фемурот, прешлен, хумерус или радиус кај лицето, се користи FRAX (Fracture Risk Assessment), кој во 2008 година го објави Светската здравствена организација.

Според FRAX, за оваа проценка важни се:

  • Пол и возраст
  • BMD, т.е. коскена минерална маса на фемурот
  • Фрактура во анамнеза
  • BMI (индекс на телесна маса)
  • Глукокортикоидна терапија
  • Пушење
  • Консумирање на повеќе од 2 алкохолни пијалаци дневно
  • Присутен ревматоиден артритис
  • Некои други состојби кои предизвикуваат намалување на коскената маса

Остеопорозата треба да се препознае пред појава на фрактура. Затоа е важно да се знаат факторите на ризик:

ФАКТОРИ НА РИЗИК

Остеопорозата треба да се препознае пред појава на фрактура. Затоа е важно да се знаат факторите на ризик. Состојби поврзани со намалување на коскената маса и појава на остеопороза се:

  • Стареење
  • Недостиг на естроген (предвремена менопауза, постменопауза)
  • Анорексија
  • Нелекувана хипертиреоза
  • Хиперпаратиреидоизам
  • Хронична болест на црниот дроб
  • Гликокортикоидна терапијаили нелекуван Кушингов синдром
  • Малапсорпција
  • Дијабетес зависен од инсулин
  • Ревматоиден артритис
  • Долготрајна депресија
  • Неадекватна исхрана (недостиг на белковини, калциум, витамин Д)
  • Алкохолизам
  • Пушење
  • Недостаток на телесна активност

ОСТЕОПОРОЗА КАЈ МАЖИ

Секоја трета фрактура на колк се случува кај мажите, а смртноста после фрактура на колк двојно е поголема отколку кај жените. Сепак честотата на фрактури кај мажите е помала поради помал губиток на коскена маса.

Најчести причинители за секундарна остеопороза кај мажи се вишок глукокортикоиди, хипогонадизам и етилизам.

Инволуциската остеопороза кај мажите постари од 60 години е последица од намалена концентрација на тестостерон и i IGF-1. i IGF-1 ја инхибира синтезата на глобулинот кој ги врзува половите хормони (SHBG). Кај постарите мажи зголеменото ниво на SHBG го намалува нивото на биорасположливиот тестостерон и естрадиол.

Дијагнозата за идиопатска остеопороза  се поставува кај мажи помлади од 60 години, во отсутност на други болести. Намалувањето на коскената маса се случува поради полиморфизми на генот на рецепторот на витамин Д, колаген тип I, ароматаза, IGF, рецептор на естроген и андроген. Врз коскената маса делуваат исто така и телесната активност, внес на калциум преку исхрана и периодот на пубертетот.

ДЕНЗИТОМЕТРИЈА

Дензитометрија на скелетот е најдобар метод за проценка на густината на коските. Тоа е квантитативен метод со кој се одредува минералната содржина на кослите (анг. bone mineral content, BMC, g/cm) и површинската густина на коските (анг. bone mineral density BMD; g/cm2)

„ЗЛАТЕН СТАНДАРД“ во дијагностиката за остеопороза е DEXA (dual energy x-ray absorptiometry)– двоенергетска апсорпциометрија на х-зраци.

Поради остеопороза најчесто се кршат: проксимален фемур, лумбален ’рбет и дистална третина на радиус.

Добиената вредност на коскената минерална густина се искажува ви г/квадратен центиметар, или како Т-вредност. Т вредност означува отстапување од просечната вредност на коскена маса на лице од ист пол, на возраст од 20 до 40 години. Според критериумите на Здравствената организација Т-вредноста поголема од -1 означува уредна коскена минерална густина, T-вредност помеѓу -1 i -2,5 означува остеопенија, a T-вредност помала од -2,5 значи остеопороза.

Отстапување од вредноста на просечна коскена маса кај лице на иста возраст и пол е Z- вредност. Се чини дека во Европа е недоволно искористено мерењето на коскената минерална маса, делумно и поради недостиг на свесност за нејзината дијагностичка вредност.

  • T-вредност > -1 : уреден BMD
  • T- вредност -1 do -2,5 : остеопенија
  • T- вредност < -2,5 : остеопороза

КВАНТИТАТИВНА СТ ДЕНЗИТОМЕТРИЈА

Квантитативна СТ дензитометрија е високо чувствителен метод кој може издвоено да ја измери коскената маса. Се изведува на лумбален ’рбет. Недостигот е поголемо зрачење отколку при изведување на DEXA.

Дензитометрија се препорачува:

  • На сите женипостари од 65 години
  • Жени во постменопауза со некој од претходно наведените фактор ризици
  • На мажи постари од 70 години
  • Мажи помлади од 70 години ако имале некоја фрактура после минимална траума
  • На сите возрасни луѓе кои имале остеопоротична фрактура
  • Лица кои боледуваат од претходно најдени болести кои доведуваат до остеопороза
  • Лица кои користат лекови кои предизвикуваат губиток на коскена маса

УЛТРАЗВУЧЕН ПРЕГЛЕД НА ПЕТНА КОСКА

На пациентите кои спаѓаат во ризична група им се препорачува ултразвучен преглед на петна коска, за да може навремено да се открие остеопороза и можност за фрактура.

Уредот е помал, лесно се транспортира, прегледот трае 1 минута а вредностите се истражуваат како Т вредности. Т- вредност која е помала или еднаква на -1 одговара на остеопенија.

Промени во коскената густина на петната коска поспоро се одвиваат отколку на ’рбетот и колкот, така што овој метод не се користи за проценка на ефектот од лекување на остеопорозата.

ЛЕКУВАЊЕ НА ОСТЕОПОРОЗА:

Целта на лекувањето е спречување ( на повторна) фрактура, кај лица со задоволителен DEXAкритериум за остеопороза. Превенцијата и лекувањето на остеопорозата се долготрајни и бараат добра соработка помеѓу лекарот и пациентот.

За навремено откривање на остеопорозата (пред да дојде до фрактура) важно е да се познаваат факторите на ризик за појава на остеопороза, како и други болести и состојби поврзани со губиток на коскена маса, кои треба да се лекуваат.

Телесната активност и исхрана богата со калциум, особено во текот на детството и адолесценција, ги одржуваат коските здрави.

Во нефармаколошки начини на лекување на остеопороза се вбројуваат:

  • Отстранување на ризичните фактори како што се пушењето и ексцесивно консумирање на алкохол.
  • Редовна телесна активност за зголемување на мускулната снага и коскената маса.
  • Дневен внес од 1000-1500 мг елементарен калциумза жени во постменопауза. Млекото и млечните производи се најдобар извор на калциум.
  • Дневен внес од 800 IU витамин Д за жениво постменопауза.

Подготви: И.П. nmd.mk