Од 1 кг портокали – 10 литри сок: Искористете го максимумот со овој рецепт од само три состојки

Од еден килограм портокали може да добиете 10 литри вкусен и освежителен сок.

Сокот од портокали е еден од најпопуларните пијалаци на светот. Не мора да го купувате, туку можете и сами да си го направите.

Овој сок е идеален за забави, детски родендени и други разни пригоди. Се приготвува од само 3 состојки, а од само 1 кг портокали (околу 4 портокали), ќе добиете 10 литри сок.

Потребни состојки: 1 кг портокали, 700 г – 1 кг шеќер (или стевија), 6 г лимонска киселина и 9 литри вода.

Постапка: Портокалите добро измијте ги, наредете ги во тенџере, прекријте ги со вода колку да биде прекриено овошјето и оставете го така преку цела ноќ.

Следниот ден таа вода фрлете ја, а портокалите заедно со кората исечете ги на парчиња и отстранете ги семките. Ставете на оган да зоврие 1 литар вода.

Во врелата вода ставете една кесичка лимонтус, па портокалите исечени на коцки, па заедно варете ги на умерен оган околу 20-30 минути. Тргнете го тенџерето од оган и со рачен миксер измиксајте ги портокалите во тенџерето.

Оставете смесата малку да олади, па додадете ги преостанатите 8 литри вода. Добиениот сок прелијте го во чисти стаклени шишиња и уживајте во вкусниот напиток.

Совет: Доколку не сакате многу сладок сок, намалете ја количината на шеќер, па наместо 1 кг употребете 700 г шеќер. Ако не сакате пулпа да има во сокот, тогаш процедете го низ газа.