Намаз од моркови

Рецепт на Светланка Младеновска

Ова е нешто здраво, вкусно и лесно, направете го овој намаз за вашите најмили!

Потребни состојки:

3 моркови

10 чешниња лук

50 г мајонез

Сол по вкус

Постапка:

Морковите и лукчињата се рендаат на најситно, им се додава мајонез и се посолува по вкус. Се меша до изедначување.