Најлесната вежба во светот: Како да изодите 1,5 км за 15 минути без да излезете од дома

Не мора да излезете од дома за да се “прошетате”.

Многумина од нас немаат време за прошетки и пешачење во природа, а движењето на отворено се искомплицира дополнително и поради панде-мијата.

Навистина и не е пријатно да пешачите или да трчате со маска на лицето, како што сега е препорачано. Но, затоа – за сè се има решение, па и за овој проблем.

За подобрување на здравствената состојба или губиток на килограмите не треба нужно да се зачленувате во теретана. Наместо тоа, едноставно можете – да пешачите.

Токму одењето, односно пешачењето е една од најдобрите и бесплатните физички активности, а медицинските експерти препорачуваат минимално половина час пешачење секој ден.

Со оглед на тоа што потребната километража можеме да ја одработиме и во внатрешноста на сопствениот дом, сега повеќе нема изговор за неактивност!

КАКО ДА СЕ ИЗОДАТ 1,5 КИЛОМЕТРИ БЕЗ ДА ИЗЛЕЗЕТЕ ОД ДОМА

Време е да престанеме да се жалиме себеси и да сфатиме дека секој од нас може секојдневно да издвои барем 15 минути за себе.

Токму толку ви е потребно за да со помош на ова популарно мотивациско видео на фитнес инструкторката Лесли Сансоне, одработите 1,6 километри прошетка без да излезете од дома.

Не е важно дали живеете во мал или голем простор, бидејќи тренингот е конципиран така што без проблем може да се изведе и во тесен простор.

“Оваа жена ми го спаси животот со своите методи и вежби. Имав 300 кг и едвај преоѓав од едната страна на куќата до другата. Нејзините тренинзи ми помогнаа да се вратам во форма и тоа во приватноста на мојот дом.

Најголемата награда за трудот е тоа што успеав да ослабам и да уживам во тренингот. Денес сум за половина полесна од тоа што бев” … – ова е само еден од низата позитивни коментари на сметка на овој едноставен тренинг кој можете да го погледнете во продолжение.