Моцарт коцки, толку едноставен колач а превкусен

Фото и рецепт: Зденка Шилац

Потребни состојки:

5 јајца
180 г шеќер
200 г брашно
1 прашок за печиво
200 мл млеко
200 мл масло
10 големи лажици мелени ореви (јас ставив бадеми, а може и лешници или мешавина)

за крем:

500 мл млеко
2 лажици брашно
1 пудинг од ванила (јас ставив од карамел)
250 г шеќер
200 г путер или маргарин

Постапка:

Добро изматете ги јајцата со шеќерот. Додадете масло и млеко, а на крај брашно помешано со ореви и прашок за печиво. Убаво промешајте со лажица за да се изедначи смесата.

Добиената смеса излејте ја во плех обложен со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу 25 минути.

Печената кора оставете ја да излади, па пресечете ја хоризонтално да добиете две кори.

Сварете го пудингот со брашното и шеќерот и оставете го да излади. Во изладениот пудинг додадете путер исечен на листови и измиксајте да добиете убав крем (или претходно изметете го путерот на собна температура, па додадете го во пудингот).

Филување: кора – крем – кора – крем и одозгора се наросува со ореви, лешници или бадеми и течно чоколадо. Добро изладете пред послужување.

Фото и рецепт: Зденка Шилац