МОЛИТВА против болести и зли јазици (на свети Кипријан )

Господи Исусе Христе, Боже наш, Седржителу и Управителу на се! Свети и Свети Сеправолсвни, Царе над Царевите и Господар на господарите! Слава Тебе Кој живееш во безгранична светлина пред илјади и милиони свети Ангели и Архангели!

Прими ја мојата смирена молитва и направи секој што страда од лош дух или е маѓепсан од магии кои им штетат на Твоите луѓе, да се ослободи од нив и да се омиротвори неговиот дом, во Името на Отецот и Синот и Светиот Дух, Амин.

Ако магијата е ставена во праг, кожа, железо, под камен, под земја, под дрво, да се распрсне како чад или ако е напишана со мастило, крв човечка, крв на добиток или на риба, или со што и да е направена нека се распрсне од твоите раби.