Многу брзи, едноставни а декоративни и вкусни новогодишни колачиња

Потребни состојки:

140 г брашно

100 г шеќер

1 јајце

40 г мед

40 г кора од портокал, рендана или сечкана многу ситно

1 прстофат сода бикарбона, каранфилче, цимет, ѓумбир

Постапка:

Медот малку се растопува, се додава шеќер, кора од портокал, сода, јајце, зачини и брашно.

Се замесува тесто, се развлекува во кора и се сечат облици.

Се печат во намастен плех на умерена температура.

Печените колачиња се преливаат глазура и се декорираат по желба.