МЕТЕО: Најстудениот бран оваа зима – температурите длабоко под нулата

Денес и во текот на следните денови територијата на нашата држава ќе продолжи да биде под влијание на студена воздушна маса од север и истата ќе биде најизразена оваа зима. Особено студено ќе биде наутро кога на некои места температурите на воздухот ќе паднат длабоко под нулата.

Доцна попладнево и вечерва како што најавивме ќе има локално провејување на снег на северозапад и на запад од државава.

Во следните неколку денови температурите наутро ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени додека на некои места како во Беровскиот регион и на другите најстудени места температурите на воздухот можно е да се спуштат до околу -13 степени а на високите планини на запад и северозапад дури и до околу па и под -15 степени.

Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот некаде од -1 до 7 степени.

Меѓутоа, од петок навечер и за време на викендот се очекува зголемување на облачноста, што пак ќе предизвика благо покачување, особено на утринските температури.