Меко и вкусно данско печиво, повкусно од пица, колку и да направам – секогаш е малку

Рецепт и видео прилог на Валентина Машковиќ – Меко и вкусно печиво.

Здраво драги пријатели и почитувани домаќинки и домаќини. Ако сте љубители на меко, мирисно и вкусно печиво, ова е идеален рецепт за вас.

Испробјате го и напишете ги вашите впечатоци. Моите дома просто се разграбуваат, а верувам и дека вашите исто, бидејќи навистина вреди да се потрудите околу овој рецепт. А рецептот е многу едноставен и се прави многу брзо.

Потребни состојки:

1 кг брашно
300 мл млеко
150 мл топла вода
1 коцка свеж квасец
1 кесичка прашок за печиво
1 лажичка шеќер
2 лажички сол
50 мл масло

за фил 1:

250 г маргарин или путер
2 жолчки

за фил 2:

300 г сирење
2-3 лажици кисела павлака

за фил 3:

300 г шунка
7-8 краставички
црн пипер, оригано

и уште:

2 белки за премачкување
сусам, ленено семе … за наросување одозгора

Постапка:

Во еден длабок сад ставете млака вода, малку брашно, една лажичка шеќер и издробете една коцка свеж квасец и убаво промешајте да нема грутчиња. Оставете 10-тина минути да се активира квасецот и да запени.

Во активираниот квасец додадете масло, млеко и брашно, две лажички сол, еден прашок за печиво. Добро промешајте за да се соединат состојките и да добиете средно меко тесто. Тестото намастете го и поделете го на две топки, добро намастете ги за да не се сушат, покријте ги со кеса и оставете ги да стасуваат додека се приготвуваат филовите.

За првиот фил: Омекнатиот путер на собна температура изгмечете го со виљушка и додадете две жолчки. Белките оставете ги за премачкување. Убаво соединете го путерот со жолчките.

За втор фил: Издробете го сирењето со рака и додадете две до три лажици кисела павлака и соединете.

За третиот фил: Ситно исечкајте ја шунката, а исто така и киселите краставички. Нив може и да ги изрендате ако ви е така полесно. Во мешавината од шунка и краставички, по желба може да додадете оригано и црн пипер, по вкус. Промешајте да се изедначи.

Бидејќи тестото содржи и квасец и прашок за печиво, тоа многу брзо стасува и за кратко време ќе се удвои. Намастете ја работната површина (или наросете брашно, како ви е полесно), па развлечете го едното тесто во правоаголна кора.

Преку целата површина нанесете половина од првиот фил. Убаво премачкјате, па рамномерно распоредете половина од вториот фил (сирењео), а одозгора наросете половина од третиот фил (шунка и краставички).

Кората свиткајте ја во ролат. Малку спласкајте го со дланките за да го исфрлите заробениот воздух. Потоа со остар нож сечете парчиња накосо, во вид на триаголници (како “купус” кифли) со еден прст шитина на врвот.

Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени, а сечените “купус” кифли редете ги во намастен плех и обложен со хартија за печење. Одозгора премачкјате ги со изматени белки и наросете ги со семе.

Постапката повторете ја и со второт тесто. Ставете ги печивата да се печат во претходно загреаната рерна на 200 степени и печете ги околу половина час. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.