Мартин Најдовски од Велес: Со овој чај за само 2 месеци ослабев 20 кг (РЕЦЕПТ)

Рецепт: Мартин Најдовски

Мартин е познавач на билките и веќе повеќе години се занимава со проучување на природната медицина. За читателите на НМД, тој го открива рецептот за подготовка на чај кој лично го испробал врз себе и со чија помош ослабел 20 килограми.

Тој напоменува дека чајот не делува како со волшебно стапче, меѓутоа доколку се внимава на исхраната и се зголеми физичката активност, значително го забрзува метаболизмот и овозможува топење на масните наслаги.

Мартин има и своја Фејсбук страница “Лилма”, на која луѓето секојдневно му се обраќаат и го прашуваат во врска со билките.

“Многу луѓе ми се јавуваат и ме прашуваат за лекови и билки кои можат да помогнат за слабеење..
Јас лично пред 4 години направив еден многу добар рецепт кој ми помогна многу, а и на доста луѓе кои го употребиле.
За само 2 месеца јас ослабев 20 килограми. Но, и покрај чајот треба да се внимава на исхраната и да се практикува секојдневна физичка активност”, вели Најдовски.

Лек за Слабеење

Потребни состојки:

500 мл вода
1 супена лажица магдонос свеж
1 супена лажица зелен чај
6 ловорови листови
1 стапче цимет
1 прстофат ѓумбир во прав
1 лимон

Постапка:

Се подготвува чај. Во сад се вари 500 мл вода и откако ќе зоврие, се става: 1 супена лажица магдонос свеж (не смее да се додава ако лицето има низок притисок). Се додава 1 супена лажица зелен чај и 6 ловорови листови.

Се додава и 1 стапче цимет, доколку вишокот килограми се резултат на комзумирање на слатки и благо, во тој случај, циметот ги регулира шеќерите и притисокот (ова е по потреба, доколку сакате).

Сите овие билки се ставаат во водата и отстојат 20-тина минути, поклопено.

Потоа, во оваа смеса се додава на врвот на лажиче ѓумбир во прав и кога сосем ќе се излади може да се додаде и сок од 1 лимон.

Се процедува и се пие по една шолја наутро и навечер. После 7 дена секојдневна консумација се прави пауза од 2-3 дена, па се повторува со истиот редослед (7 дена консумација и 2-3 дена пауза).

Рецепт: Мартин Најдовски