Мајка (98) отишла во старечки дом за да се грижи за својот син од 80 години

Британката на возраст од 98 години се преселила во дом за стари лица, за да може да се грижи за својот 80 годишен син, пишува Daily Telegraph.

Ада Китинг и нејзиниот постар син Том, кој никогаш не бил оженет, заедно го проживеале целиот живот.

Но, во 2016 година Том заминал во дом за стари лица во Ливерпул, но бидејќи таму не можел да си ја дозволи целокупната нега која му била потребна, затоа следната година му се придружила неговата мајка.

Таа многу се радува што секој ден на својот син може да му посака добро утро и добра ноќ.

“Секоја вечер доаѓам во Томовата соба за да му посакам добра ноќ”- вели Ада, инаку пензионирана медицинска сестра. “Кога ќе ме здогледа, широко го отвора рацете за да ме прегрне. Жената никогаш не престанува да биде мајка.”

Том кој претходно работел како декоратер, вели дека е многу среќен што неговата мајка живее заедно со него во домот.

“Убаво ми е овде, особено откако дојде мајка ми, па можам да ја гледам секој ден. Таа се грижи за мене и понекогаш ми вели: Однесувај се пристојно!”