Лук во топло млеко – ЧУДО од лек за астма, пневмонија, импотенција, срце, артритис, инсомнија, болки во грб

Постојат многу природни препарати кои помагаат за различни здравствени состојби. Прочитајте го рецептот за овој домашен лек кој лесно и едноставно се приготвува.

Неговото поле на делување е навистина широко а неговите лековити својства успешно помагаат за елиминирање на повеќе болести.

Овој лековит напиток е наречен „млеко од лук“ бидејќи се приготвува од топло млеко и лук.

Потребни состојки:

500 мл млеко

10 чешниња лук

2-3 мали лажици шеќер или мед

250 мл вода

Постапка:

Измешајте ги млекото и водата во едно тенџере. Ставете го и излупениот и исечкан лук, па ставете на оган, на умерена температура.

Полека нека се готви додека да испари половина од течноста. Потоа процедете и додадете шеќер или мед, за подобрување на вкусот. Најдобро е да се пие додека е топло.

УПОТРЕБА: – Еве за што се’ може да ви помогне овој лековит напиток:

Астма – Симптомите од астма значително ќе се ублажат доколку покрај овој напиток, секоја вечер изедете и три чешниња лук. Користете помали чешниња кои можете цели да ги проголтате за да ја одбегнете миризбата. Но многу ќе помогне ако и само го консумирате овој пијалак трипати дневно.

Пневмонија – напитокот се покажал многу успешен во лекувањето на пневмонија: трипати дневно, пред јадење.

Срцеви проблеми – овој напиток го намалува лошиот холестерол, спречува згрутчување на крвта и го подобрува циркулаторниот систем. Користете млеко со ниска масленоста за да биде лекот поефикасен.

Лекување Жолтица – Млекото со лук многу успешно ги елиминира токсините од организмот бидејќи ги активира ензимит на црниот дроб. За детоксикација на црниот дроб му е потребен сулфур, а лукот е одличен извор на оваа материја.

Покрај тоа, содржи алицин и селен, го подобрува производството на жолчката и ги намалува мастите. Особено се препорачува за лекување на замастен црн. За лекување на жолтица треба да се консумира трипати дневно, 4-5 дена редовно.

Артритис – млекото со лук ако се консумира на дневна основа – значително ќе се намалат симптомите на артритис, вклучително воспалението и болката, лумбоишијалгија и други болки во грбот.

Несоница – поради своите смиувачки ефекти, овој напиток овозможува мирен и квалитетн сон, па може да се користи за третирање на инсомнија.

Кашлица – Во млекото од лук додадете едно лажиче куркума во прав, па ќе добиете одличен антибиотски напиток. Лукот има антибактериски ефекти а со додавање на мед, добивате комплетен пијалак за ослободување од кашлицата.

Туберкулоза на белите дробови – Користете 1 кг лук, 250 мл млеко и 1 литар вода. Сварете ги сите состојки на умерена температура додека да испари течноста и остане само една четвртина. Консумирајте го овој лек трипати дневно.

Холестерол – холестеролот успешно се намалува доколку се пие трипати дневно во текот на една седмица. Ефекти: се намалува нивото на лошиот а се зголемува нивото на добриот холестерол.

Дигестија – Кога станува збор за зајакнување на имунолошкиот систем и одржување на дигестивното здравје, лукот е еден од најефикасните намирници бидејќи поседува моќни антисептички својства.

Исто така, многу е корисен за лимфата, за елиминирање на на токсичниот отпад од телото. Лукот го поттикнува лачењето на дигестивните сокови и помага при цревни болести (дијареа).

Импотенција – млекото со лук може да ја излекува импотенцијата, а исто така помага и при некои видови неплодност и кај мажите и кај жените.

Ишијас – Млекото со лук е ефикасен лек за нервни болки и ишијас. Можете да ги намалите болките со консумирање на овој напиток, во текот на извесен период.