Лимон, сол и црн пипер! Мешавина која ќе ве спаси од 4 важни проблеми!

Црниот пипер, солта и лимонот заедно се одлична комбинација за во салата, зар не? Но дали знаевте дека овој спој е многу лековит? Еве за што се’ е добра оваа комбинација:

БОЛНО ГРЛО

Ослободете се од болки во грлото така што во чаша топла вода ќе измешате една лажица сок од лимон, половина лажичка црн пипер и лажичка морска сол. Со оваа течност правете гаргара неколку пати дневно. За кратко време ќе почувствувате олеснување.

СЛАБЕЕЊЕ

Направете микс од четвртина лажичка црн пипер, две лажици лимонов сок и една лажица мед. Сите состојки измешајте ги во чаша топла вода и пијте секое утро за да го забрзате метаболизмот.

ЗАБОБОЛКА

Измешајте половина лажичка мелен црн пипер и половина лажичка масло од каранфилче и ставете на болниот заб.

МАЧНИНА

Вознемирениот стомак се лекува со црн пипер, а мачнината со лимон. Затоа измешајте по лажица лимонов сок и црн пипер во топла вода. Пијте полека додека не почувствувате дека мачнината е помината.