Лекување ВАЛГУС (КОКАЛЧЕ) со глина

Обичниот сапун е популарен народен лек кој ефикасно го ублажува воспалението и болката предизвикани од валгус.

1.Земете обичен сапун и изрендајте го.

2.Направете нежна масажа со сапунот.

3.Исплакнете ја погодената област, а потоа исушете ги нозете со пешкир.

4.Нанесете малку јод на валгусот и обујте памучни чорапи.

5.Овој третман повторувајте го 30 дена.

Исто така, можете да користите и комбинација од еднакви количини на јод и лимонов сок.

Третман на “КОКАЛЧЕ” со глина:


ТРЕТМАН СО ЛЕКОВИТА ГЛИНА

Купете лековита глина од аптека или од продавница за здрава храна. Измешајте глина во прав со вода и направете смеса со конзистенција слична на паста.

Загрејте ја (или користете топла вода), па нанесете на заболената област со дебелина на слојот од 1-2 см.

Ако најдете лековита глина во оригинална конзистенција, тогаш само загрејте ја и применете на исти начин. Оставете да делува 40 минути, а потоа исплакнете.

Ова е најдобро да се прави во вечерните часови и обично се доволни 15 апликации.

Доколку ова не ви помогне, обидете се и со овие 2 народни рецепти:

ЧАЈ ОД ЛОВОРОВ ЛИСТ

Во 300 мл ставете една лажица мелен ловоров лист. Ставете на оган да врие 5 минути а потоа префрлете ја течноста во термос. Оставете да преноќи.

Пијте го чајот наутро, на гладно.

Овој чај е важно да се пие во голтки, а не одеднаш. Овој третман се повторува три дена, но секојпат подготвувајте го свеж.

Повторете по една седмица.

Еден од резултатите ќе биде почесто мокрење, а со тоа ќе се исфрлат вишокот соли од телото.

За само десет дена од примена на овој третман, ќе ги забележите првите видливи подобрувања. Освен што ќе се чувствувате многу подобро, вашите болки во зглобовите, исто така, ќе исчезнат. Вашиот валгус целосно ќе исчезне, ако го применувате третманот редовно во текот на 2 месеци.

ОБЛОГА СО ЛОВОРОВ ЛИСТ

Земете пет поголеми ловорови листови, иситнете ги ситно па ставете ги во 100 мл 96% – алкохол. Оставете да отстои една седмица.

Во леѓен со три литри вода ставете една лажица сода бикарбона. Оставете ги стапалата да отстојат и добро да омекнат.

Потоа избришете ги со пешкир и нанесте облога натопена во приготвениот препарат. Обујте памучни чорапи и така преспијте.

Јодот и аспиринот измешани заедно, исто така можат да бидат исклучително корисни за лекување на болки во зглобовите, валгуси и слични коскени израстоци.