Леб мек како душа

Фото и рецепт: Босилка Николиќ

Потребни состојки:

300 мл вода
300 мл млеко
150 мл масло
2 лажички квасец
2 лажички шеќер
1 лажица сол
1 кг брашно отприлика, плус минус вие сами ќе процените

Постапка:

Квасецот потопете го во млако млеко со шеќер да се активира околу 10 минути, па додадете вода и масло и брашно малку по малку. Потребно ви е околу еден килограм брашно, но тоа сами ќе го процените. Тестото треба да биде меко.

леб мек како душа

Кога ќе го замесите тестото покријте го и оставете го да кисне околу еден час за да го удвои волуменот. Потоа премесето го повторно и оставете го уште половина час да кисне.

леб мек како душа

Потоа поделете го на два дела. Првиот дел развлечете го на набрашнета работна површина како за штрудла и свиткајте ја кората во ролат. Истото направете го и со втората кора.

Оставете ги да отстојат во плех околу 20-тина минути, па печете ги во загреана рерна на 180 степени околу 30-35 минути.

леб мек како душа

Фото и рецепт: Босилка Николиќ