Кога срцето е загрозено ќе ве заболи 7. прешлен: На овој начин органите се поврзани со ‘рбетот!

Нервните канали се разгрануваат од ‘рбетот кон другите органи, заедно со импулсите кои се пренесуваат во двете насоки. Ако нешто ја ремети функцијата на органите, таа информација природно се пренесува низ нервните канали и болката се манифестира во ‘рбетот.

Класичната медицина се фокусира на лекување на пореметувањето на индивидуалните органи, додека специјалистите на алтернативната, се определуваат за лекување на целото тело.

Модерната наука ве советува да ги комбинирате обата системи и на тој начин загарантиран е резултатот, бидејќи честопати се случува болката да мигрира и да ги збуни пациентите и лекарите.

Еве на кој начин да препознаете во каква состојба ви се внатрешните органи гледајќи ја состојбата на ‘рбетот.

‘Рбетот е потпора на целиот организам и во него е сместен ‘рбетниот мозок. Нервните канали се разгрануваат од ‘рбетот кон другите органи, заедно со импулсите кои се пренесуваат во двете насоки. Ако постои нешто што ја попречува работата на органите, таа информација ќе се пренесе низ нервните канали и болката ќе се манифестира во ‘рбетот.

И обратно – проблемите со ‘рбетниот столб влијаат врз работата на цели системи во телото кои се поврзани со него. Кога во телото започнува да се развива болест, мора да откриете на кој дел од ‘рбетот ќе се одрази таа болест.

За полесно да успеете во тоа, ви ја претставуваме врската на секој орган со ‘рбетните прешлени!

Цервикален дел од 1. до 6. прешлен

Се поврзува со слухот, видот, органите за говор и мозочната активност. Напнатост на мускулите во вратната регија предизвикува притисок врз корените на прешлените и може да предизвика главоболка, замаглен вид и други симптоми. Се препорачуваат вежби за опуштање на мускулите и зголемување на подвижноста на цервикалниот дел.

7.вратен прешлен и 1. до 3. торакален прешлен

Се поврзуваат за срцевата активност. Болките во коренот на вратот може да укажуваат на патолошки состојби со срцето, аритмија, ангина пекторис…

Од 1. до 4. торакален прешлен

Патат горните екстремитети, рамењата, млечните жлезди, бронхиите.

Од 4. до 8. торакален прешлен

Одговорни за функциите на дигестивниот систем. Имајте во предвид дека болката која се јавува во пределот на срцето, лесно може да се замени со болка од акутен гастритис и обратно. Затоа, многу е важно да посетите лекар.

Од 9. до 12. торакален прешлен

Се поврзува со меѓуребрените мускули и уринарниот систем.

Горен дел на долниот дел од грбот (лумбален дел)

Се поврзува со дебелото црево, а честа болка во лумбалниот дел обично е знак за воспление или дисбиоза на цревата, како и обратно. Редовните вежби за ‘рбет може да помогнат со овие состојби, особено со грчевите.

Долен дел од лумбална регија

Во овој дел импулсите доаѓаат од репродуктивниот систем. На пример, болка во крајните прешлени може да укажува на остеохондроза и други пореметувања на коскеномускулниот систем, но и на гинеколошки проблеми.

МЕДОДИ НА ЛЕКУВАЊЕ ОД ИСТОКОТ

Веќе со векови кинеската медицина ја користи т.н.внатрешна поврзаност помеѓу ‘рбетот и внатрешните органи за лекување на најразлични болести.

Според нивното учење, одредени точки во близина на ‘рбетот, односно изложеност на истите преку масажа, акупресура, акупунктура или други техники, може да помогне да се активираат и да се излекуваат оштетените органи кои се поврзани со нив.

Исто така, кинеските лекари тврдат дека секој стрес кој телото ќе го прими, се шити низ целиот организам. Тие го сфатиле значењето и влијанието на одредени емоции врз здравјето на некој орган, како и степенот на оштетување кое може да го нанесе:

третиот торакален прешлен се поврзува со респираторните инфекции. Чувствата како што се тага, може да се наталожат на ова место и да предизвикаат проблеми со белите дробови…

-Четвртиот и петтиот торакален прешлен се поврзува со срцевата активност; агресијата и бесот најсилно влијаат врз работата на најважниот орган.

-Деветтиот и десеттиот торакален прешлен се поврзани со црниот дроб и жолчната кеса, а овие органи најбрзо се уништуваат со бес и злоба или гнев заради сторена неправда.

-Вториот лумбален прешлен се однесува на активноста на бубрезите. Најмногу ги уништува стравот.

На Исток овие проблеми најчесто се решаваат со масажа, која финално може да го поправи комплетното здравје на ‘рбетот, внатрешните органи и нервниот систем.

Сепак, нагласуваат дека со масажа не може да се излекуваат сите акутни или хронични процеси, па советуваат првенствено посета и консултација за лекар, бидејќи масажата е контраиндицирана со некои состојби.

Посета на лекар исто така, се советува доколку имате константна болка во ‘рбетот која не поминува, а не постои некоја логична причина како повреда или истегнување во тој предел.